Дунавка Трифуновска: „Од машки паричник си земам сè што сакам“
- Детали
- среда, 21 мај 2025
Во последната епизода на Нешто Конкретно темата беа парите, мажите и жените а гостите коментираа на вечната дилема: За мир во куќа кој треба да биде финансиер, а кој финансиски менаџер, но и зошто жената треба да крие пари од мажот?
Разноликоста на гостите донесе одлични коментари но и поука дека кога ќе настане кавга за пари жената е секогаш во право!
Бизнисменот и финансиски ментор пак Зоран Витанов даде свое видување од призмата на парите па рече:
„Држете ја жената до себе а парите подалеку од себе“ но како маж заклучи и „Не е глупав мажот што на љубовницата и купува кола тоа се вика КОМПЕНЗАЦИЈА!“
Нашата позната манекенка пак Дунавка Трифуновска кажа дека секогаш бира кеш пред картичка и дека верува во љубовни приказни помеѓу мажи кои на љубовниците им купуваат скапи коли, подароци и патувања.
„Јас на работите не гледам така сурово!“
Пејачката од Куба Јасмин Лопез пак, која е мажена за Македонец и живее во Скопје повеќе од 10 години, имаше интересни заклучоци но направи разлика и помеѓу Македонија и Куба па рече:
„Во Куба мажот оди со тебе по продавници и тој одлучува што треба да купиш“, па додаде „Македонските мажи кога имаат ти даваат се“.
За прв пат се појави и еден од битолските бизнисмени Теодор Тодоровски поранешен банкар а сега сопственик на П2П платформата за инвестиции кои заклучи:
„Жената и да крие пари од мажот крие за да се дотера и да му биде поубава на мажот!“
Погледнете ја целата епизода во продолжение:
;