Регулација, иновација и доверба: Каде се движи вејпинг индустријата?
- Детали
- четврток, 22 мај 2025
Последнава деценија, светот сведочи на стабилна експанзија на вејпинг индустријата – иновативни производи кои првично се појавија како алтернатива за пушачите, а денес прераснува во глобален регулиран пазар вреден милијарди долари.
Според истражувањата, повеќе од 80 милиони луѓе ширум светот користат сертифицирани електронски цигари, а растот се должи и на разновидната понуда на вкусови, поддршка во програмите за откажување од тутун и маркетингот ориентиран кон модерен животен стил и иновација.
Современите уреди за вејпинг вклучуваат три клучни компоненти: батерија, грејач (атомизатор) и е-течност. Кога корисникот вдишува, грејачот ја испарува течноста која потоа се вдишува како аеросол.
Првите концепти за електронски уреди датираат од 1960-тите, но вистинскиот комерцијален пробив се случува во 2003 година.
Што ги привлекува луѓето кон вејпингот?
Она што го издвојува вејпингот не е само технологијата, туку и искуството односно можноста сам/а да избереш вкус, јачина на никотин, па дури и боја на уредот.
Некои од најчестите причини зошто луѓето се одлучуваат да се префрлат на вејпинг се:
- Помалку штетни супстанции,
- Контрола врз дозата на никотин,
- Помал ефект врз околината и луѓето околу,
- Подобрена орална хигиена и отсуство на трајни мириси.
Дали има негативни страни?
Како и секоја технологија која постојано се развива, културата на вејпингот носи свои предизвици. Никотинот, иако присутен во значително помали количини, сè уште може да создаде зависност. Неконтролираното користење, може да има последици. Употребата од страна на неполнолетни адолесценти е забрането.
Дополнително, на пазарот постојат и производи со сомнителен квалитет, што го прави изборот на проверен и сертифициран реномиран бренд исклучително важен.
Шведска и Нов Зеланд како позитивен пример
Скандинавската земја е пример за строга, но балансирана политка кон вејпингот. Во Шведска, 1.1% од возрасното население користат регулирани електронски цигари и вејпови – една од најниските стапки во Европа. Корисниците под 18 години, не смеат да купуваат или користат никакви нерегулирани електронски производи. Затоа регулаторите во Шведска презедоа сериозни чекори, овозможувајќи им на корисниците полесен пристап до помалку штетни алтернативи за здравјето, како што се сертифицираните вејпови, загреани тутунски производи и никотински кесички.
Покрај Шведска, Нов Зеланд бележи драматичен раст на дневниот вејпинг од 3.5% во 2019/20 до 11.1% во 2023/24, што значи околу 480.000 дневни корисници според истражувањата од phcc.org.nz. Здравствените власти во овие земји ги увидоа фактите за помалата здравствена штета на алтернативните никотински производи и дадоа силен поттик и одобрение за нивна употреба, како обид за замена на традиционалните цигари.
Новите модели на вејпови се паметни уреди дури некои од нив со автоматско исклучување, други со дисплеј кој покажува колку вдишувања сте направиле во текот на денот. Технологијата е сè понапредна, но истовремено и поедноставена за користење, што ги прави овие уреди пристапни и за нови и за искусни корисници.
Но и покрај разликите во пристапот, и Шведска и Нов Зеланд покажуваат дека кога вејпингот е регулиран со јасни политики, транспарентни стандарди и информирана јавност, тој може да придонесе за значајно намалување на бројот на традиционални пушачи.
Шведска, со својата долгорочна стратегија и строго контролиран пазар, денес важи за првата „smoke-free“ земја во Европа, додека Нов Зеланд, преку своите образовни кампањи и законска легислатива, активно ја користи оваа алтернатива за поддршка на националната цел за генерација без тутун.
Што може да научиме од позитивните примери за веродостојни брендови?
Двете држави покажуваат дека успехот лежи во одговорниот избор на производи и информираната потрошувачка. Токму затоа, на македонскиот пазар, Evapify се наметнува како компанија во кој потрошувачите можат да имаат целосна доверба, благодарение на безбедноста, квалитетот, технолошкиот напредок и јасната посветеност на транспарентност и задоволство на корисниците.
Станува збор за етаблирана глобална компанија која е присутна во повеќе од 20 земји на четири континенти, нудејќи алтернативни никотински производи од највисок квалитет, развиени според најстрогите светски стандарди. Со внимателно селектирана понуда на брендот CRYSTAL вејпови и е-течности, Evapify се позиционира како избор број еден за оние кои сакаат современо, практично и безбедно искуство.
Она што ги издвојува?
Минималистички дизајн, лесна употреба, богата палета на вкусови и тестирани производи кои се во согласност со европските стандарди.
Повеќе за компанијата, како и за целата понуда, можете да најдете на evapify.com