ПроКредит Банка ја претстави ProActive платформата со која започнува нова ера на одговорно банкарство

ПроКредит Банка вчера одбележа значаен момент во својата заложба за одржливо банкарство со лансирањето на ProActive – нова уникатна платформа преку која во соработка со своите клиенти ќе продолжи да создава позитивно и трајно влијание врз општеството и животната средина.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-08.JPG

На настанот, што симболично се одржа во зеленилото на Leaf Café, во друштво на свои блиски соработници и претставници на медиумите, банката ја претстави новата платформа преку интерактивни активности со кои сите присутни имаа можност да споделат општествено одговорни цели кои им се важни.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-07.JPG

Целокупната атмосфера претставуваше сликовито и искуствено презентирање на ефектот што ПроКредит банка цели да го постигне со оваа платформа, со која се централизираат сите одржливи заложби на банката за позитивно економско, еколошко и општествено влијание, како своевидно унапредување на нивните постоечки иницијативи.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-06.JPG

Неодамна, преку јубилејното мото “Пример за одговорност” банката ги презентираше своите систематизирани заложби и позитивниот отпечаток кој го има оставено во нашето општество – од одговорно кредитирање, до фер и транспарентен однос со клиентите, поддршка на локалните бизниси и претприемништвото, промоција на зелена транзиција, како и инвестиции во личен и професионален развој на своите вработени. Сега, со новата платформа оди чекор понапред вклучувајќи ги своите клиенти за заедно да поттикнат значајни промени во општеството, со фокус на инклузија, климатска акција и економски развој во заедницата.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-04.JPG

На настанот беше претставена новата ProActive сметка со биоразградлива картичка, прв и единствен банкарски производ од ваков тип кај нас.

„Со ProActive не лансираме само нов производ, туку започнуваме движење кое е отворено за сите кои сакаат да се вклучат во обликувањето на подобро утре и кои сакаат нивните секојдневни финансиски одлуки да имаат реално и позитивно влијание, за нив лично, но и за пошироката заедница.

Горди сме што сме пример и носители на одговорни практики и одржливост, со силна посветеност кон нашите клиенти и заедницата во кoja работиме. Со оваа платформа започнуваме нова ера во одговорното банкарство, во партнерство со нашите клиенти.” – истакнува Стевче Кузмановски, Член на Управниот одбор во ПроКредит Банка  

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-02.JPG

Од банката објаснуваат дека секој корисник на ProActive сметката автоматски придонесува во фонд за донации преку кои ќе се поддржуваат проекти за заедницата, а во нивната селекција право на глас ќе имаат и членовите на платформата. Со овој иновативен пристап, банката дава пример како секојдневното банкарство може да се претвори во реално влијание во правец на одговорен и одржлив развој.

Членовите на ProActive платформата ќе имаат пристап до информации за најновите одржливи проекти во кои банката инвестирала, како и пристап до ексклузивни едукативни содржини.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-03.JPG

“ProActive е продолжение на визијата која ПроКредит Банка ја има поставено уште од самиот почеток. Таа е алатка, но и симбол – на нашата посветеност да бидеме уште подобри, уште поблиску до клиентите, уште поодговорни. Со оваа платформа сакаме да го олесниме патот кон одржливи иницијативи, да ги поттикнеме добрите практики и да создадеме вредност што трае.

Нашата определба за одржливо работење не се гледа само во бројките. Таа се гледа во секојдневните избори – каде инвестираме, што поддржуваме, како се однесуваме кон заедницата.” – изјави Добринка Стефанова Ѓоргиева, Директор на Оддел за Одржливост 

Покрај општествено одговорната страна на ProActive сметката, корисниците ќе уживаат уште многу други поволности овозможени од ПроКредит Банка и од биоразградливата Mastercard World дебитна картичка која им следува со отворањето на сметката.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-01.JPG

По презентацијата на сите можности кои ги носи новата иницијатива, настанот заврши со осветлување на дрвото кое е симбол на ProActive платформата, на кое присутните ги закачија своите цели за одржлива иднина, симболично претставувајќи ја колективната моќ на ProActive заедницата.

prokredit-banka-ja-pretstavi-proactive-platformata-so-koja-zapocnuva-nova-era-na-odgovorno-bankarstvoд-05.JPG

Дознајте повеќе за ProActive сметката на следниот линк: https://www.pcb.mk/proactive.nspx

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg