Виталиа ја носи својата визија за здрава иднина на China-CEEC Expo 2025 во Нингбо, Кина

Македонски бренд со силна иновација и настап на две стратешки сесии пред кинески компании и увозници

vitalia-ja-nosi-svojata-vizija-za-zdrava-idnina-na-china-ceec-expo-2025-vo-ningbo-kina-01.JPG

Македонската компанија за здрава храна, Виталиа, со гордост го претстави својот бренд и иновативните производи на четвртото издание на China-CEEC Expo & International Consumer Goods Fair, што се одржува од 22 до 25 мај 2025 година во Нингбо, Кина. Овој престижен саем, организиран од кинеското Министерство за трговија и партнери од ЦИЕ регионот, претставува платформа за унапредување на економската и културната соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

vitalia-ja-nosi-svojata-vizija-za-zdrava-idnina-na-china-ceec-expo-2025-vo-ningbo-kina-02.JPG

Во текот на овие четири дена, Виталиа активно ја промовира својата експертиза, иновации и визија пред повеќе од 15.000 професионалци, дистрибутери и владини претставници од Кина и Европа, притоа презентирајќи го своето портфолио на штандот како дел од Македонскиот павилјон, но и на две посветени бизнис сесии – „Food Matchmaking Meeting“  и „New Product Launch“.

vitalia-ja-nosi-svojata-vizija-za-zdrava-idnina-na-china-ceec-expo-2025-vo-ningbo-kina-03.JPG

На овие настани беа презентирани новата Детската линија – „Happy Little Adventures“ и Пробиотската линија, која веќе бележи успех на европскиот пазар. Присутните имаа можност одблиску да се запознаат со вредностите, квалитетот и технолошката напредност на производите на Виталиа.

На штандот на Виталиа, вниманието го привлекоа и иновативниот Протеински Трејл Микс со 26% протеин, како и Премиум протеинските барови, кои ја нагласуваат ориентацијата на брендот кон функционална исхрана што одговара на потребите на модерниот потрошувач.

vitalia-ja-nosi-svojata-vizija-za-zdrava-idnina-na-china-ceec-expo-2025-vo-ningbo-kina-04.JPG

„Нашето присуство на овој саем не е само изложба – тоа е мост кон нови партнерства и идни соработки. Кинескиот пазар покажува сè поголем интерес за функционални производи, без шеќер и со природен состав – токму она што Виталиа го создава со децении. Интересот што го добивме од увозници, дистрибутери и институции потврдува дека здравата храна повеќе не е избор, туку потреба! “ – изјавија претставниците на Компанијата на саемот.

vitalia-ja-nosi-svojata-vizija-za-zdrava-idnina-na-china-ceec-expo-2025-vo-ningbo-kina-05.JPG

Под мотото „Нови визии за иднината“, саемот собра над 435 компании од целиот регион и над 15.000 посетители, вклучувајќи професионалци од различни индустрии, купувачи, трговци и медиуми. За Виталиа, ова претставуваше не само изложба туку и стратешка можност за вмрежување, размена на искуства и отварање нови канали на соработка на азискиот пазар.

vitalia-ja-nosi-svojata-vizija-za-zdrava-idnina-na-china-ceec-expo-2025-vo-ningbo-kina-06.JPG

Со учество на саеми од ваков ранг, Виталиа го потврдува својот статус како еден од најголемите извозници на здрава храна од Македонија, со присуство на пет континенти и над 60 држави. По успешниот влез во Европа и Африка, компанијата сега се насочува кон Азискиот пазар, со цел да ја понуди македонската експертиза во здрава и функционална исхрана на уште поширока публика.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg