Кога традицијата ќе се сретне со уметноста на новото време - Дојди на финалното редизајнирање на традиционалниот вез со Dreadpen
- Детали
- среда, 28 мај 2025
По повеќе од месец и половина креативно патување, активно гласање, инспирација и љубопитност, Curious X платформата зад која стои IQOS, го подготвува своето прво големо финале во полето на дизајнот. На 31 мај, во добро познатиот IQOS Space – Кино Карпош, ќе се случи она што многумина го очекуваа - претставување на победничкиот редизајн инспириран од македонскиот вез преточен во смел, модерен визуелен јазик кој зборува со новата генерација.
Оваа иницијатива, родена од желбата да се оживее културното наследство на еден сосема нов начин, беше реализирана во соработка со локалниот уметник Dreadpen – познат по својот уникатен графички стил и урбан визуелен израз. На IQOS веб страницата и IQOS CLUB заедницата, во последниот месец ипол, корисниците имаа можност да гласаат за еден од двата редизајни инспирирани од традиционалните везови од Мариово и Скопска Црна Гора.
Што да очекуваш на 31 мај на „Пикник у паркче”?
На локација која веќе е синоним за добри петочни попладниња – Кино Карпош, од 12:00 до 17:00 часот, под Curious X платформата ќе биде официјално претставен победничкиот дизајн преку лимитираната IQOS x Dreadpen колекција, која вклучува маици, tote bags, чорапи и други уникатни парчиња, достапни за оние кои сакаат да бидат дел од ова креативно патување.
Ако си дел од оние кои учествуваа во Curious X активностите и ја освои главната награда преку IQOS CLUB – токму тука ќе можеш да ја подигнеш својата лимитирана колекција VEZ RE:Imagined. Но, дури и ако не си меѓу добитниците, Curious X има нова шанса за тебе, преку нови изненадувања до можност да освоиш дел од лимитираната колекција на самиот настан.
Истиот ќе биде и прилика за запознавање со Dreadpen, како и за персонализација на сопствениот IQOS уред со негова лична креација. За атмосферата да биде уште повпечатлива ќе можеш да уживаш во специјално уредниот chill корнер за одмор и дружење, со зона за фотографирање и креативно документирање на твојот омилен момент, па сè до освежителни пијалаци и сочни бургери од Јојо’s.
А музика?
Настанот ќе биде збогатен со музички настап на акустичното поп дуо Duper, како и DJ сет кој ќе ја заокружи оваа уникатна атмосфера. IQOS бренд амбасадорите ќе бидат тука за да те водат низ приказната зад дизајните, да ти ја раскажат целата идеја зад Curious X и да го претстават новиот начин на доживување на културното наследство.
Ѝ тоа не е сѐ! Ова е само почетокот...
Настанот претставува само прва фаза од соработката меѓу IQOS Curious X и истакнати македонски уметници. Соработката со Dreadpen е првата трансформација од многуте што следуваат.
Затоа, остани љубопитен, следи нè на Instagram и mk.iqos.com и очекувај нови приказни кои ќе продолжат да ја редефинираат врската помеѓу традицијата и современиот дизајн.
Промо текст: mk.iqos.com