Имлек Протеин Warm Up: Загреј се за „Охрид трчаТ“ со енергија, движење и подароци!

Најдинамичниот викенд во Охрид е пред нас – од 30 мај до 1 јуни! А настанот за загревање што не смеете да го пропуштите е Имлек Протеин Warm Up на 31 мај – од 17:30 до 21:00 часот, кога Кеј Македонија во Охрид ќе пулсира со енергијата на Имлек Протеин!

imlek-protein-warm-up-zagrej-se-za-ohrid-trchat-so-energija-dvizhenje-i-podaroci-01.jpg

Брендот Имлек Протеин, подготвува голем спортски настан на 31 мај кој ќе ја загрее атмосферата пред трката „Охрид трчаТ“, но и ќе понуди незаборавно искуство за сите љубители на движењето, здравиот животен стил и заедништвото.

Што ќе овозможи Имлек Протеин Warm Up за посетителите?

Ова нема да биде само класично загревање туку целосен фитнес и lifestyle настан со warm-up сесии со популарни фитнес тренери и забавни предизвици како и наградување за активните учесници со Samsung Fit Watch, ранци со производи, спортска опрема и уште многу изненадувања. Сето тоа ќе биде проследено со протеински коктели, освежување и DJ забава на отворено како и подароци за секој активен учесник, вклучувајќи маичка и производи од линијата Имлек Протеин.

Целта на Имлек Протеин Warm Up не е само физичка подготовка, туку и мотивација, дружење и потсетување дека здравите навики започнуваат со мали, но значајни чекори. Преку овој настан се поддржува спортот, локалната заедница и активниот живот кај младите. Присуството на Имлек Протеин на настанот ја нагласува важноста на снабдувањето на телото со протеини. После спортска активност мускулите се исцрпуваат, па од клучна важност е внесот на доволно протеини за нивна регенерација и градење мускулна маса. Имлек Протеин обезбедува 30 грама чист млечен протеин на порција од 300 ml. Без додаден шеќер и лактоза, со само 0,1% млечни масти, тој е идеален избор по напорна активност или трката за градење и регенерирање на мускулите.

Настанот е отворен за сите посетители, учесници и љубители на спортот, без разлика дали трчате или само сакате да бидете дел од оваа позитивна енергија.

Бидете меѓу првите 500 што ќе се пријават и активно ќе учествуваат на Имлек Протеин Warm Up – и освојте warm up стартен пакет! Не е потребна претходна регистрација – само дојдете навреме и носете спортска облека и насмевка!

И не заборавајте - загревањето со Имлек протеин никогаш не било повозбудливо!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg