Започнете го патувањето во светот на германскиот јазик со „Hallo! - мојата прва книга по германски јазик со налепници“

Започнете го патувањето во светот на германскиот јазик со Hallo! - мојата прва книга по германски јазик со налепници“ – специјално дизајнирана книга за деца со налепници, прва од ваков тип на германско-македонски јазик!

zapochnete-go-patuvanjeto-vo-svetot-na-germanskiot-jazik-so-hallo-mojata-prva-kniga-po-germanski-jazik-so-nalepnici-01.jpg

Со шарени илустрации, лесни зборови и забавни активности, оваа книга го прави учењето јазик лесно и интересно.

Идеална за деца од 5 до 12 години, било да учат дома или на училиште.

Оваа внимателно осмислена книга од професорки кои преку 15 години активно работат со деца, и токму поради нивното длабоко познавање на методиката и интересите на децата, книгата нуди содржина што совршено одговара на нивната возраст и ниво на знаење.

Нуди иновативен пристап кон учењето германски јазик, преку игри, илустрации, активности и изговор на основни зборови и фрази. Идеална е како дополнителен материјал за учење дома, но и како поддршка за наставници и родители.

Содржи:

- 130 налепници

- над 50 активности

- 300 картички со зборови, за полесно помнење на именките, глаголите и препозициите

Притоа ја поттикнува љубопитноста и желбата за знаење кај најмладите, претворајќи го процесот на учење во вистинско уживање.

Научи, изговори, повтори – и забавувај се!

Најчитани неделава