Децата и младите креираа кампања против омразата на интернет

Во текот на изминатиот викенд, повеќе од 30 деца и млади од целата земја се собраа во Скопје на дводневен медијатон – интензивен настан што го водеа самите млади за дизајнирање национална кампања против онлајн насилството  и говорот на омраза на интернет.

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-01.JPG

Овој настан го организираа УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија како дел од долгорочното партнерство за децата и младите да се здобијат со знаење, алатки, содржини и лидерски вештини за справување со дигиталното насилство во нивните заедници.

Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, им се обрати на учесниците:

„Вие – нашите млади застапници и креатори – сте срцето на ова движење. Вие го разбирате онлајн просторот подобро од кој било друг. Токму затоа не сте само учесници во оваа иницијатива, туку сте нејзини лидери“.

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-02.JPG

Таа додаде дека ставањето крај на онлајн насилството не е еднократен проект – тоа е растечко движење водено од деца и млади решени да ги направат дигиталните простори побезбедни, поинклузивни и похумани за сите.

Леа Липша, директорка на Фондацијата Телеком за Македонија ги охрабри учесниците креативно да ги користат дигиталните алатки и заедно да се спротивстават на омразата на интернет.

„Верувам дека на оваа работилница освен што ќе научите да направите добар reel, лого, или слоган, ќе научите и дека најважно е да се поддржувате, да создавате креативни и позитивни онлајн заедници. Вие сте генерација што има можност да направи вистинска разлика во дигиталниот свет. А ние сме тука да ви дадеме алатки и поттик“ – рече Леа Липша.

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-04.JPG

Во текот на Медијатонот, преку тимска работа, учесниците заедно со креативни професионалци, психолози и дигитални ментори истражуваа што значи да се преземат активности онлајн: како да се пријави насилство, како да се блокира омразата, како да се поддржат врсниците и како да го заштитат својот дигитален идентитет. Работилниците беа фокусирани на осмислување материјали за кампањата и јасни повици за акција, за да се промовира култура на почит во онлајн просторот и за да им се помогне на децата и младите да се здобијат со знаење како да се спротивстават на омразата.

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-05.JPG

Кампањата ќе започне во текот на следните недели со материјали подготвени за време на медијатонот и ќе содржи видеа, водичи и содржина за социјалните мрежи. Децата и младите кои учествуваа на работилницата ќе продолжат да работат во следните две години како застапници во нивните заедници заедно со Сојузот на извидници на Македонија, кој ќе организира младински каравани и интерактивни настани во 20 општини, инспирирајќи ги другите да се приклучат на движењето.

Иницијативата е дел од двегодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија чија цел е да се создаде движење преку кое децата и младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза.

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-06.JPG

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-07.JPG

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-08.JPG

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-09.JPG

decata-i-mladite-kreiraa-kampanja-protiv-omrazata-na-internet-10.JPG

Најчитани неделава