Од жртва до креатор преку промена на мајндсетот со Викторија Јордановска
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
Постои една стара африканска басна која раскажува за голем пожар во една шума. Пожарот бил жесток и брзо се ширел, проголтувајќи сè што му се наоѓало на патот. Пламените јазици биле високи, чадот густ, и сите шумски животни бегале преплашени, собирајќи се на работ на реката и гледајќи беспомошно како нивниот дом гори.
Додека животните го гледале огнот, чувствувајќи се мали и немоќни, забележале една мала колибри птичка како се движи напред-назад меѓу реката и пожарот. Колибрито брзо прелетувало до реката, собирало неколку капки вода во клунот, а потоа забрзано се враќало кон огнот, испуштајќи ја водата на пламенот. Одново и одново, малата птица го повторувала ова – носејќи само неколку капки секој пат.
Останатите животни гледале со чудење. „Што правиш? го прашале колибрито. „Ти си премногу мало, а огнот е преголем! Твоите ситни капки вода нема да направат никаква разлика!“
Колибрито застанало за момент, а потоа погледнало назад кон другите животни со одлучност и рекло: „Го правам она што можам со она што го имам“.
Кога луѓето доаѓаат кај мене на обука или коучинг, многу често разговорите започнуваат со: тој, таа или тие… Со други зборови, значајните или незначајните „други“ го заземаат главниот фокус на разговорот. Бидејќи мојата задача како агент за промени е да го вратам вниманието на личноста што е пред мене, многу од нив на почетокот се чувствуваат иритирани од моите прашања: „Како тоа направи ТИ да се чувствуваш?“, „Што тоа ТИ даде тебе?“, „Кој/а беше ТИ во тој момент?“, „Каде во ТВОЕТО тело го чувствуваш тоа?“, „Каков беше ТВОЈОТ одговор?“, „Што доби ТИ од тоа?“…
Затоа…
Потребно е да ги поседуваш не само твоите надворешни постапки, туку и твоите внатрешни состојби – мисли, емоции и верувања – и да препознаеш дека последиците во твојот живот често се резултат на твоите одлуки и однесувања. Преземање одговорност значи менување на мајндсетот или начинот на размислување од позиција вина или жртва, кон позиција на контрола, што овозможува раст, трансформација и успех.
Кога ќе почнеш да преземаш одговорност за сопственото јас, твоите внатрешни состојби, однесувања и твојот живот – почнуваш да живееш со причина. Ова е моментот кога ќе откриеш колку си навистина моќна или моќен!
Психолозите и мисловните водачи низ историјата ја нагласуваат важноста на одговорноста за лична благосостојба и успех. Надворешните околности секогаш ќе постојат за да те истуркаат надвор од твојата комфорна зона. Важно е да прифатиш дека тие се надвор од твоја контрола. Она што е во твоја контрола и каде треба да ти биде фокусот е: твојот одговор на надворешните околности, – ова е целосно до тебе!
Неодамна, во еден разговор со личност која доживеала сериозни здравствени потешкотии во животот ми рече: „Знаеш што е најдобро сега, никогаш повеќе немам лош ден“.
„И јас“ реков, и љубопитно прашав: „Како го правиш тоа?
„Играјќи си со мојата перцепција. Свесен сум како моите внатрешни состојби ја обликуваат мојата реалност, а со тоа го препознавам нивното влијание врз мојот секојдневен живот.“
Преку Внатрешна експедиција до обновување на најважната врска во животот
Во свет кој често нè влече во безброј насоки, лесно е да ја изгубиме од вид најважната врска што некогаш ќе ја имаме – онаа со самите себе.
Првото прашање што ни доаѓа на ум кога ќе нè погоди катастрофа е: „Зошто мене?“ Ова прашање не е корисно и не става во позиција на жртва. Затоа, потребно е да го смениме. Кога поставуваме поинакви прашања: како, кога, кој, што…, тие ни помагаат да откриеме делови кои како да се скриени од нас. Со тоа откриваме сѐ повеќе за себе и можеме да почнеме да се прифаќаме, сакаме и цениме во својата големина и форма. А тоа ни носи благосостојба во секој дел од животот.
Во срцето на програмата „Внатрешна експедиција“, на која со голема љубов работам во последните неколку години, лежи верувањето дека силната врска со себеси е камен-темелник на исполнет живот. Пристапот е особено релевантен во денешниот забрзан свет, каде што занемарувањето на себеси често останува незабележано сè додека некаква криза не нè принуди да застанеме.
Ако сакаш да бидеш од оние луѓе кои зрачат со самодоверба, вистински се познаваат себеси и можат да си изградат животот по мерка, тогаш те канам да го резевираш твоето место на вебинарот „Внатрешна експедиција“, на 12 јуни 2025 година. За време на 2-часовното интерактивно искуство ќе те водам низ креативен процес кој е дизајниран да ги активира двете мозочни хемисфери како пат кон баланс. Процесот ќе ти овозможи да ѕирнеш во себе, да се слушнеш и да се почувствуваш себеси. Ќе истражиш слоеви на твојата личност и ќе дознаеш од кои делови си создаден/а.
Те канам да инвестираш во себе и да ја откриеш моќта на поврзувањето со себеси.
За само 880 денари вебинарот „Внатрешна експедиција“ е достапна влезна точка за лична трансформација. За да го обезбедиш твоето место, посети ја страницата на вебинарот и кликни на „КУПИ КАРТА ВЕДНАШ“ По регистрацијата, ќе добиеш детали за пристап преку е-пошта.
Искористи ја оваа можност да започнеш своја експедиција на 12 јуни 2025 година. Колку повеќе знаеш за сопственото Јас, толку подобро ќе се водиш себеси и другите. Направи го првиот чекор денес.
Можеби нема да биде лесно, но е едноставно:
„Или креираме мизерија, или оснажување. Обемот на работа е ист“
– Карлос Кастанеда.
Мојата порака за вас е:
Преземете одговорност за себе и бидете сведок на трансформацијата внатрешно и надворешно околу вас, а овој вебинар нуди алатки и насоки да го направите токму тоа.
Со љубов,
Викторија Јордановска