Burgerology 2025
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
Фестивалите на улична храна се одржуваат во сите светски метрополи, а скоро секој главен град има свој единствен и препознатлив Street Food Festival. Овој тип на урбани фестивали ја презентираат нашата култура, а воедно и ни ја доближуваат културата и обичаите на другите земји и народи во светот.
Во Скопје фестивалот на улична храна, под името Skopje street food festival се одржа два пати од 2023 и 2024 на локација на паркингот на Театар комедија . На истиот учествуваа вкупно 25 стрит фуд ресторани кои подготвуваа домашна и интернационална храна кои успеаа да ја вкусат 40.000посетители за времетраењето на двата настани.
Како нов настан го додадовме и ‘Burgerology’ кој се одржа на зелената површина на ГТЦ - 2024год. Одличен одзив на посетеност .
Burgerology 2025год. со оглед на големата заинтересираност предвидено е да се одржи на нова локација .Сметаме дека е манифестација која ќе допринесе во подигање на културата во секоја општина поединечно . Па така се одлучивме оваа година да се одржи во општина Кисела Вода. Во однос на музичката програма предвидено е да се ангажираат музички изведувачи како диџеи така и бендови .
Со овој проект сакаме да придонесеме малите бизниси, како ресторани и бистроа, да имаат можност за само-промоција, размена на идеи за подобрување на квалитет и соработка помеѓу истите, како и Скопје да се забележи на листата на настани од оваа категорија на глобално ниво и да придонесеме за развој на културата на ниво на градот.
Настанот е организација од јавен интерес, па секој ќе посака да ги вкуси бургерите приготвени на различен и уникатен начин.