Збогатете ја вашата летна beauty рутина со Eucerin за блескава и здрава кожа!

Летниот ентузијазам и насмевките се шират кога јунските температури ќе достигнат и над 30 степени. Со затоплувањето, летното уживање и дружбите со пријателите во опуштена и релаксирана атмосфера покрај некој морски и езерски брег, или на некој планински врв, ви го разведруваат духот и го подобруваат вашето здравје. Со забрзаниот дневен ритам и честото изложување на сонце, дали се подготвивте и соодветно да ја заштитите вашата кожа?

zbogatete-ja-vashata-letna-beauty-rutina-so-eucerin-za-bleskava-i-zdrava-kozha-01.JPG

Навиките и производите за нега на вашата кожа кои сте ги користеле за време на поладните денови, треба да ги приспособите и на новите потопли денови. Постепено  изложувајте се на сонце, за да вашата кожа се адаптира на сончевите зраци и со тоа  да го зголеми производството на меланин-природната заштита на кожата од сонцето. При секое изложување,нанесувајте квалитетни и ефикасни производи кои нудат силна заштитна подлога на вашата кожа. Со редовна употреба, крем-флуидот Eucerin Sun Pigment Control Fluid со СПФ50+ ефикасно ја заштитува вашата кожа од лошите УВ/УБА зраци, но и ги намалува темните пигментациските дамки за само неколку недели и го спречува нивното повторно појавување. Заштитниот штит на овој крем-флуид е магичната состојка Thiamidol™, патентирана од научниците на Eucerin, која медицински докажано ги спречува темните дамки и белези на кожата на лицето. Крем-флуид формулата може да ja комбинирате и со дневната крема за лице Eucerin Hyaluron Filler + Elasticity Day Cream со СПФ 30+. Со оваа двојна заштита од штетните УВ/УБА сончеви зраци, ја спречувате појавата на предвремени брчки, изгореници и други оштетувања на кожата. Формулите на Eucerin се лесни, со дискретен мирис, и не ги запушуваат порите – совршени и за светол и за темен тен.

zbogatete-ja-vashata-letna-beauty-rutina-so-eucerin-za-bleskava-i-zdrava-kozha-02.JPG

За да ја одржите вашата кожа хидрирана, свежа и еластична за време на летните денови, не заборавајте да конзумирате свеж зеленчук со бета-каротен, овошје со витамин Ц и Е, како и да внесувате најмалку 1,5 литри вода дневно. Со комбинирање на здравата исхрана со производите на Eucerin ова лето вистински ќе заблескате – со насмевка и здрава, сјајна кожа.

zbogatete-ja-vashata-letna-beauty-rutina-so-eucerin-za-bleskava-i-zdrava-kozha-03.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg