„Биди шампион“ - спорт и другарство на терен: Tурнир во мал фудбал и уличен баскет

Видеолотарија Касинос Австрија го организира турнирот БИДИ ШАМПИОН, кој трае до 28 јуни. Со 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет за деца од 10 до 14 години, ќе се обидеме да придонесеме за промоција на спортот, фер игра, тимскиот дух и спортските вредности меѓу младите

bidi-shampion-sport-i-drugarstvo-na-teren-turnir-vo-mal-fudbal-i-ulichen-basket-1-01.jpg

Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорна компанија, веќе цела деценија го поддржува спорот. За спортски успеси, потребна е спортска инфрастуктура и спортски таленти. Во таа насока, споделуваме дека во текот на изминатиов период со донаторски буџет од милион евра, ставивме во функција 20 игралишта, од нив 12 мултифункционални, а 8 детски инклузивни.

На реконструираните мултифункционални игралишта ширум Македонија, во тек е турнир БИДИ ШАМПИОН, кој започна на 31.05.2025. Со овој турнир, преку спортски активности,  промовираме фер игра, тимски дух и позитивни вредности.  Во рамки на турнирот планирана е серија на натпревари во мал фудбал и уличен баскет за деца на возраст од 10 до 14 години. Во тек е реализацијата на 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет. Мини турнирот е организиран како систем по групи, по што ќе следи вкрстување во нокаут фаза.

БИДИ ШАМПИОН не е само натпревар, туку и порака-дека секој млад човек  може да биде шампион во фер игра, другарство и воопшто во животот. Секое дете кое кое ќе спортува во рамки на турнирот, добива соодветна спортска опрема и подароци. Финалниот натпревар ќе се одигра на 29 јуни. Турнирот  го следи тим на стручни лица.

bidi-shampion-sport-i-drugarstvo-na-teren-turnir-vo-mal-fudbal-i-ulichen-basket-1-02.jpg

Со турнирот БИДИ ШАМПИОН, сакаме да придонесеме во поттикнувањето на спортот како здрава активност за правилен развој на децата, да креираме тимски дух и работа во тимови, а дополнително и да придонесеме талентираните деца да бидат забележани.

Финалниот натпревар на турнирот, ќе се одигра на 28 јуни. Очекуваме сите натпревари  да бидат вистинско спортско доживување за децата.

Најчитани неделава