Хајделберг, прв факултет со германска диплома – достапни се само 60 места
- Детали
- понеделник, 14 јули 2025
Студирањето на Хајделберг Факултет во Скопје се заснова на концептот на надоместување на трошоците или може речиси да биде без финансиски товар за родителите. Местата брзо се пополнуваат поради големиот интерес кај младите од Македонија и од Косово да стекнат знаења од германски професори и да бидат на иста професионална линија со своите врсници во Германија, информираат од Хајделберг Факултет во Скопје.

Вработените од Факултетот посочуваат дека интересот за упис оваа година е значително поголем во споредба со минатата година, особено ако се има предвид дека буквално сите минатогодишни студенти веќе се вработени кај дуални партнери - истакнати компании.

За академската 2025/26 година, управата од Германија дозволи квота од 30 студенти по студиска програма, каде речиси сите места се веќе пополнети. Дополнително, според важечкиот закон, македонската филијала на Хајделберг има право да запише уште 30 студенти, што значи дека вкупно 60 студенти оваа година истовремено ќе студираат и ќе работат.
„Местата се речиси пополнети, а особен интерес за дуалниот модел на студирање покажуваат и родителите на идните студенти. Тие ја препознаваат оваа можност како начин нивните деца да добијат квалитетна теориска подготовка од професори со практично искуство, но уште поважно - да стекнат тригодишно работно искуство уште за време на студиите. Тоа им овозможува веднаш по дипломирањето студентите непосредно да се вклучат во реалниот сектор“, вели проф. д-р Мирјана Алексова, раководител на Центарот за стручно образование при Хајделберг Факултетот.

Некои студенти работат во Шпаркасе Банка АД Скопје, со ангажман од најмалку 16 работни часа неделно, други во НЛБ Банка АД Скопје, а трети, во Елемент ПР како маркетинг асистенти. Има студенти ангажирани и во фабриките во ТИРЗ зоните, како на пример Костал, додека останатите се вклучени во пензиско друштво Сава и во уште петнаесетина други компании од Скопје и од внатрешноста, меѓу кои Локпорт финансии (САД), МДН (САД), Валтек, Оптимум, Везешари, Еколог, Дигитал Центар, Триглав осигурување, Жикол, Специјал, Мелон Солушнс, Минт Финтек Груп, Тинекс и други.
Ова го истакнува проф. д-р Синиша Наумоски, претставник на Управниот одбор на ХФС во Скопје.
„Интересот од компаниите е навистина голем. Во моментов водиме разговори со над 40 нови компании и банки. Затоа, оваа година планираме да запишеме 60 студенти кои ќе студираат и истовремено ќе работат, според моделот на универзитетот во Франкфурт: три дена студии, два дена практична работа“, заклучува Наумоски.

Хајделберг Факултет во Скопје го објави Конкурсот за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), за учебната година 2025/26 година и тоа:
§ Студиска програма - Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) и
§ Студиска програма - Податоци и компјутерски науки (30 студенти).
Во Македонија и во земјите од Западен Балкан се студира според германски студиски програми (на англиски јазик), кои се признаени од Универзитетот Провадис во Франкфурт, од каде и се издава универзитетската диплома.
„За родителите кои бараат образовна институција што ја нагласува академската извонредност и личниот развој, Хајделберг Факултетот од Скопје нуди единствена и поттикнувачка средина за едукација на нивните деца. Од самиот почеток на академската година, факултетот посветува внимание на талентираните студенти преку нивна идентификација, препознавање и понатамошни активности насочени кон нивниот развој“, истакнува проф. д-р Горан Василев од филијалата во Скопје.

„Хајделберг Факултетот во Скопје го нагласува практичниот дел од наставата, кој се реализира во партнерските компании. Студентите имаат можност да стекнат академско знаење и да посетуваат пракса или да се вработат со половина или полно работно време, според потребите на компаниите, и тоа додека траат студиите“, додава пред. м-р Бобан Попевски од одделот за развој на факултетот.
„Студентите кај нас не се бројки“
До сега, во текот на летниот период, голем број млади матуранти аплицираа за двете студиски програми. Квотите се ограничени, затоа што ние не го нагласуваме квантитетот, туку квалитетот на поединецот. Студентите кај нас не се само бројки. Според проекциите на управата од Германија, една од програмите е речиси целосно пополнета, а остануваат уште неколку места, истакнува претседателот на Управниот одбор од Германија, проф. д-р Улрих Цајтел, повикувајќи ги младите да побрзаат со нивната одлука.
Концепт на супституција: студирањето може да биде без речиси никакви трошоци за родителите
Во мај и во јуни имавме бројни состаноци со родители заинтересирани за образованието на нивните деца. Тие најчесто прашуваат за цената на студиите, односно школарината. Ние им одговараме дека ратата за студии, во текот на целиот циклус, не надминува сума која е многу помала од минималната плата во Македонија (околу 330 евра), вели м-р Даниела Стефаноска, директорка на установата во Скопје.
„Она што е најважно е дека оваа сума може да се покрие од платата или надоместокот што студентите го добиваат од дуалните партнери, и тоа месечно, за време на студиите. Така, студирањето може да биде речиси без трошоци за родителите. Ова е тајната на германскиот систем, кој за прв пат, заедно со компаниите, го донесовме тука во Скопје“, додава Стефаноска.