Новите Самсунг телефони на преклоп го редефинираат стандардот за совршен телефон
- Детали
- понеделник, 11 август 2025
Најновата генерација на телефони од серијата Galaxy Z од Самсунг е тука, а со нив започнува и нова ера на иновации во валата дланка
Во денешно време, кога телефонот не е само алатка, туку израз на стил и динамичен живот, новата серија Samsung Galaxy Z нуди мобилно искуство што ги комбинира најновите технологии со елегантен дизајн, создавајќи идеален уред за сите потреби на модерниот човек.
Galaxy Z Fold7: Вашиот личен асистент за работа, но и за забава
За љубителите на моќни уреди, Galaxy Z Fold7 е тука за да ги прошири вашите можности. Кога е отклопен, овој уред станува повеќе од мобилен телефон, тој е вашата совршена мини работна станица. Со 8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран и Vision Booster технологија, овој иновација ви овозможува да работите на повеќе апликации истовремено, дури и под најсилно сонце. Сите ваши професионални обврски кои не можат да чекаат, без проблем ќе можете да ги завршувате и кога сте во движење, кога не сте во канцеларија, бидејќи овој уред во голем број на случаеви може да го замени вашиот лаптоп. Доволно за да се забележи Galaxy Z Fold7 е потенок од својот претходник, што дополнително му дава уште попривлечен естетски момент. Кога ќе се спои ултра-елегантниот дизајн со унапредените функционалности на Galaxy AI, како и со најнапредниот Snapdragon® процесор на мобилен телефон од следната генерација, добивате моќен, премиум уред кој во целост ги исполнува највисоките критериуми за мобилен телефон на денешницата.
Galaxy Z Flip7: Мобилниот сојузник кој се вклопува во секој џеб
Ако барате уред кој е мал, но моќен, Galaxy Z Flip7 е дефинитивно вистинскиот избор. Со својот нов FlexWindow екран од крај до крај и 4,1-инчен Super AMOLED екран, овој уред е совршен за оние кои сакаат компактност без да жртвуваат функционалност. FlexCam за совршени селфи фотографии и гласовен AI асистент се само некои од паметните функции што го прават Flip7 идеален партнер за секојдневие. Со фантастични можности за неверојатни слики и видеа од најразлични агли, Galaxy Z Flip7 ќе ви обезбеди и дополнителна инспирација будејќи ја вашата креативност за визуелни содржини какви отсекогаш сте посакувале. Со сите функции кои ги нуди Galaxy AI, со овој уред добивате моќен, стилски уред кој зборува за вас и вашиот беспрекорен вкус за убави нешта.
Galaxy Watch8: Технологија која го следи вашиот ритам
Со новата Galaxy Watch8 серија, Samsung ја поставува новата дефиниција за стил и функционалност. Овие најтенки и најудобни часовници досега се создадени за сите кои сакаат да го следат своето здравје и активност во секој момент. Без разлика дали одбирате Galaxy Watch8, Classic или Ultra, секој модел е компатибилен со вашиот животен стил и ви овозможува да следите здравствените метрики 24/7.
Try Galaxy: Искористете го полниот потенцијал на Galaxy AI
За да бидете сигурни во својот избор, Samsung ви овозможува нова, подобрена верзија на апликацијата Try Galaxy, со која можете да го искусите целосно Galaxy AI искуството, дури и ако не користите Samsung телефон. Функции како Live Translate, Photo Assist и Circle to Search ве водат во светот на вештачката интелигенција и ја прават секојдневната комуникација и активности полесни.
Максимална безбедност за вашите податоци
Во срцето на безбедноста на Galaxy Z уредите е Samsung Knox. Со напредни функции како Knox Vault и постквантна криптографија, вашите лични податоци ќе бидат безбедни, дури и при компромитирање на оперативниот систем. Овој систем работи во реално време, обезбедувајќи највисок степен на заштита на вашите најважни информации.
SmartThings: Вашиот паметен дом, во вашиот џеб
Со интеграција на SmartThings, Galaxy Z уредите ви овозможуваат да ги контролирате сите ваши паметни уреди и апарати во домаќинството преку вашиот мобилен телефон. Управувајте со вашиот телевизор, со фрижидерот, следете ја работатата на вашата машина за перење, вклучете ја климата пред да пристигнете дома, и уште многу други функции можете да извршуват од далечина и директно од вашиот телефон, претворајќи го во центар за вашиот паметен дом.
Galaxy Z Fold7, Galaxy Z Flip7, како и серијата Galaxy Watch8 не се само обични модерни уреди. Тие се ваши дигитални сојузници – одлични помошници во секојдневието за извршување на работни задачи, за забава и за следење на здравјето. Со врвен дизајн, интуитивни функции и напредна безбедност, Galaxy Z е сè што ви треба за динамичен и современ живот.