Првата голема одлука? Vibe Оn е со тебе

Полагање за возачка дозвола, студии во странство, Work&Travel искуства, преквалификација или апсолвентска екскурзија – секоја од овие животни фази претставува важна пресвртница за младите. Но со секој чекор напред, се појавува и потребата од финансиска стабилност. За многумина, токму во овој момент се јавува првата голема одлука – како да ги остварат своите цели?

prvata-golema-odluka-vibe-on-e-so-tebe-01.jpg

Токму за нив, Шпаркасе Банка го создаде Vibe On кредитот за млади – првиот кредитен производ што не е создаден од бројки, туку од реални животни приказни. Кредит што ги разбира младите и им дава шанса да растат – на свој начин, со свој ритам.

Со поволна каматна стапка, флексибилни услови и можност за користење за најразлични цели – од образование и професионален развој до патувања и лични проекти – овој кредит е силен чекор кон финансиска независност.

„Младите не сакаат само банкарски производ – сакаат партнер што ги разбира и што верува во нивните соништа. Со  Vibe On наменскиот кредит за млади, не само што им помагаме да ги реализираат конкретните цели, туку праќаме јасна порака дека нивните идеи, желби и амбиции вредат. Ние сме тука за нив – денес, утре и на секој чекор од патот кон финансиска независност“, изјави Ивана Петревска, директор на Дирекцијата за маркетинг и комуникации при Шпаркасе Банка.

Со овој кредит, Шпаркасе Банка не нуди само средства – туку поддршка, доверба и стабилност во време кога младите прават големи чекори.

Затоа што секој млад човек заслужува банка што навистина мисли на него.

Најчитани неделава