14-то издание на најубавиот урбан пивски фестивал ПИВОЛЕНД

На 21, 22 и 23 Август во паркот на франкофонијата ќе се оддржи 14-тото издание на фестивалот Пиволенд кои низ годините веќе традиционално се смета за еден од белезите на Скопје.

14-to-izdanie-na-najubaviot-urban-pivski-festival-pivolend-01.JPG

Повеќе од 30 брендови на домашни, странски и занаетчиски пива и повеќе од 120 видови ќе бидат достапни за дегустација на манифестацијата.

Музичката програма оваа година пробува да ги задоволи вкусовите на сите, ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае до 02:00 часот секој ден.

Во Четврток скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Диџеј Чарли, Деј Офф, Бени и Нон Стоп и Диџеј Галовски.

14-to-izdanie-na-najubaviot-urban-pivski-festival-pivolend-02.JPG

Во петок на музичката  програма го слушаме еден од младите бендови кои секоја година имаат шанса да се претстават пред публиката на Пиволенд, потоа следува Вера Јанковиќ, метал бендот со огромен светски потенцијал Мамут, Паркети, Куку Леле и Диџеј Александар Јордановски.

14-to-izdanie-na-najubaviot-urban-pivski-festival-pivolend-03.JPG

Во сабота фестивалот се отвара со млади бендови, следуваат Контра План, србските легенди на панк-рок СИКС ПАК, Дани Димитровска, Пауза за ракија и Диџеј Димитри од Чаир.

14-to-izdanie-na-najubaviot-urban-pivski-festival-pivolend-04.JPG

Покрај пивото и музиката оваа година е предвидена и убава македонска храна и деликатеси како и некои од најеминентните стрит фуд производители.

Дојди Види Испиј

Најчитани неделава