Грекос – супер-храна инспирирана од Медитеранот

Грчкиот јогурт одамна е препознатлив симбол на медитеранската кујна, богат, кремаст, хранлив и секогаш присутен на трпезите на оние кои го негуваат здравиот начин на живот. Претставува суштина на медитеранскиот стил на живеење и е клучен дел од медитеранската исхрана којашто се одликува со свежи состојки и големo присуство на млечни производи во умерени количини

grekos-super-hrana-inspirirana-od-mediteranot-01.jpg

Денес, Грекос ја продолжува оваа традиција, комбинирајќи го медитеранскиот начин на подготовка со нутритивните барања на модерното време. Грекос носи вредни нутриенти во секој залак, така што е густ и полн со протеини, кои обезбедуваат ситост и поддршка за мускулите.

Грчкиот јогурт Грекос наследувајќи го класичниот вкус, задоволува со кремастата текстура, но ја следи и динамиката на современото време – од класичниот "бел" до High-Protein и овошните вкусови.

Од појадок со мед и овошје, преку салати и сосови – Грекос е извонредно флексибилен и креативен во кујната. Секој од вкусовите нуди нутритивна разновидност, High-Protein е со ниска масленост, што го прави идеален за активни луѓе кои сакаат повеќе енергија, без компромиси на вкусот. Овошните варијанти, со цели парчиња овошје, кајсија, јагода или шумско, додаваат свеж печат и развеселување во секој залак, додека пак новите вкусови Малага и Тропик микс е вистинска експлозија на летна свежина и овошна разиграност.

Со Грекос, секој ден може да започне или заврши со вкус кој дава енергија, го поддржува твоето здравје и овозможува гастрономски инспирации. Преку едноставен оброк, кој било од вкусовите на Грекос, збогати го, во зависност од желбите со овошје или зеленчук, со житарки или едноставно чист Грекос што е доволен за сѐ, и внеси ја медитеранската мудрост дома.

Најчитани неделава