Тело и табуа – како да разговарате со вашата ќерка за првата менструација?

За време на пубертетот, првата менструација е голема промена – но честопати носи и страв, збунетост или непријатност, особено поради табуата околу телото и менструацијата. Девојчето може да се најде во ситуација како: „Мамо, зошто крварам?“, „Мамо, панталоните ми се со крв, што ми се случува?“ или „Сите во училиште ми се смееја, имав крв на панталоните…“.

telo-i-tabua-kako-da-razgovarate-so-vashata-kjerka-za-prvata-menstruacija-01.jpg

Токму тогаш вие, како родител, сте најважниот извор на смиреност и поддршка. Вашиот разговор може да ја претвори оваа збунетост во чувство на разбирање и сигурност, да ја научите вашата ќерка дека менструацијата е сосема нормална, природна и дел од растењето.

Како да го започнете разговорот за „оние денови”?

Здравјето на секоја девојка започнува од интимната нега, а со вашиот разговор може да ја направи оваа промена полесна, повесела и многу помирна за вашата ќерка. Објаснете ѝ дека тоа е сосема нормално, дел од растењето и начин на кој телото ви кажува „здраво, сè функционира како што треба!“. Користете хумор, мали секојдневни примери и поттикнувајте ја да поставува прашања – на овој начин менструацијата ќе стане тема за разговор, а не извор на страв.

Подгответе ја за практичните аспекти – користење на Jessa хигиенски производи од dm, одржување на чистота и што да очекува во првите менструални денови. Поттикнете ја да ги споделува своите чувства, без страв од осуда – научете ја дека не е срамно некој да и ја види хигиенската влошка, тампонот или менструалната чашка, бидејќи тоа е природен женски процес. Подготвените и информирани девојки полесно ги прифаќаат промените и погласно зборуваат за нив.

Совети и мали слатки изненадувања за „оние денови“

Кога за првпат ќе се соочат со менструалните болки, многу девојчиња мислат дека нешто не е во ред со нивното здравје. Здравата исхрана за време на менструалниот циклус е многу важна и ги ублажува болките, а  балансираните оброци на dmBio во текот на денот можат да направат секоја млада девојка да се чувствува подобро и поздраво во „оние денови “. Научете ја дека со редовните гинеколошки прегледи ќе го чува своето женско здравје – но ќе добие и стручни совети и ќе дознае информации кои никој не и ги кажал претходно.

И не заборавајте – вашата Bestie е секогаш тука за вас и за вашата ќерка кога се работи за искрените разговори околу менструацијата. А покрај советите и поддршката, секогаш има и по некое мало изненадување – од хигиенски влошки и тампони, до чоколадо или интересен рецепт што ќе ви ги разубави тие денови. Со многу смеење, блискост и разбирање, менструацијата ќе стане тема за која зборуваме отворено – без срам, без предрасуди.

Најчитани неделава