Театар Чекори со 2 изведби во Хрватска

Алтернативниот аматерски театар „Чекори“ од Скопје во петок, 5ти септември, ќе гостува во Славонски брод во Хрватска како единствен претатавник од Македонија на 18тото издание на фестивалот „Фестивал аматерских казалишта“ во организација на „Сатирично казалиште младих“, со претставата „No Exit“ од Жан Пол Сартр во режија и адаптација на Маја Ѓурчевска а асистент на режија и техника е Никола Димевски.

teatar-chekori-so-2-izvedbi-vo-hrvatska-01.JPG

Со оваа изведба ќе заврши и летната турнеја со оваа претстава, која претходно гостуваше во Скопје и Струга.

„NO EXIT“ е продукција од 2024 година, играат актерите Нина Неделкоска, Иван Делиманов, Милена Блажеска и Јована Гаврилоска.

teatar-chekori-so-2-izvedbi-vo-hrvatska-02.JPG

На 18 октомври, пак, претставата „Ехо на заборавот“ во продукција на Театар Чекори е селектирана и ќе настапува на фестивалот „Казалишне вечери националних мањина" во Загреб. „Ехо на заборавот“ по текст на Ирем Генишел Бешкоска во режија и адаптација на Маја Ѓурчевска имаше премиера оваа година во мај во Скопје. Во претставата играат актерите: Михаил Митевски, Никола Кузмановски, Јована Гаврилоска, Иван Делиманов, Никола Димевски, Маја Ѓурчевска, Ирем Генишел Бешкоска и Валентин Видовиќ, музиката е на Валентин Видовиќ, а рекламниот материјал за двете претстави е на Љубица Делиманова. 

Во следниот период покрај гостувањата и други планирани изведби, театарот најавува нови проекти и соработки. 

teatar-chekori-so-2-izvedbi-vo-hrvatska-03.JPG

Како идни проекти што ќе се работат може да се издвои „Среќни денови’’ од Семјуел Бекет, ќе биде во соработка со актерката и режисерка Снежана Коневски Руси. Пробите почнуваат од септември. Интересно е што во изработка е и монографијата за 50 годишнината на Театар Чекори, како и снимање на филм.  

Ќе се подготвува и проект за деца и млади, како и неколку други проекти за кои би известиле дополнително.

Во тек се и уписи за нови членови, па доколку сте вљубеници во театар и  заинтересирани за актерска игра, костимографија, драматургија, светло, театарска музика, кореографија, реквизитерство, сценографија, режија, пријавете се на: 078 418 180 или 077 823 110 како и на нашите социјани медиуми: ИнстаграмФејсбук и нашиот веб-сајт Отворена сцена - Театар „Чекори“

Најчитани неделава