ИТД Дистрибуција повторно ги обедини партнерите на „ITD Tech Days 2025“

Со огромен успех заврши овогодинешното издание на ITD Tech Days, традиционален настан во организација на ИТД Дистрибуција, кој и оваа година ги собра на едно место најважните партнери, експерти и компании од ИТ индустријата.

itd-distribucija-povtorno-gi-obedini-partnerite-na-itd-tech-days-2025-01.JPG

Настанот се одржа во хотел „Изгрев” во Струга и опфати целодневна програма исполнета со презентации, панел дискусии и можности за вмрежување. На присутните им беа претставени најновите решенија и трендови во областа на вештачката интелигенција, заштита на податоци, сајбер безбедност, хибридна работа и современи инфраструктурни решенија.

itd-distribucija-povtorno-gi-obedini-partnerite-na-itd-tech-days-2025-02.JPG

Овогодинешниот настан собра повеќе од 150 учесници и ги вклучи презентациите на водечките глобални брендови како што се: Dell Technologies, Check Point, HPE, Barracuda, Fortinet, HP, Poly, TP-Link, Vertiv, Commvault и Imperum.

За разлика од минатата година, овогодинешното издание донесе уште поголема програма и проширена листа на вендори, со што ИТД Дистрибуција уште еднаш ја потврди својата трансформација во „value-added“ дистрибутер кој не нуди само производи, туку и целосни решенија и услуги.

Практичните демо-сценарија и успешните приказни од реални проекти овозможија на партнерите непосреден увид во начинот на кој новите технологии се применуваат на македонскиот и регионалниот пазар.

„ITD Tech Days претставува можност за нашите партнери и клиенти директно да се запознаат со најновите технологии и решенија кои ја обликуваат иднината на ИТ индустријата. Горди сме што заедно со нашите партнери успеваме да изградиме силна заедница која расте и се развива секоја година,“ изјави г-ѓа Биљана Шеновска, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција.

Посебен акцент на програмата беше панел дискусијата „Hot, Flat & Crowded IT World“, на која индустриски експерти споделија искуства и визии за предизвиците и идните трендови на ИТ пазарот.

Настанот беше заокружен со вечерна забава покрај плажа, која овозможи дополнителна можност за неформално дружење и размена на искуства.

ITD Tech Days 2025 уште еднаш го потврди статусот на еден од најрелевантните ИТ настани во регионот, поставувајќи нови стандарди за професионална едукација, инспирација и градење партнерства.

Најчитани неделава