Кои грешки ја кочат вашата организација, како да се управува со тимови, а како со AI: одговорите ги носат предавачите на SoMo Borac конференцијата
- Детали
- четврток, 11 септември 2025
Главната уредничка и CEO на Aftonbladet, Лена К. Самуелсон, основачката на Rokkin Marketing, Ива Обровац и основачот на Aqtos.com, Дамјан Дано, доаѓаат на 13. издание на SoMo Borac.
Загреб, 11 септември 2025 – SoMo Borac конференцијата и оваа година ги обединува водечките експерти од областа на маркетингот, медиумите и агенциите, носејќи ги најновите трендови и инспиративни приказни од индустријата.
Мозаик центарот во Загреб на 24 октомври ќе стане место каде што учесниците ќе добијат конкретни совети како да ги решат предизвиците со кои се соочува индустријата, промените што ги носи вештачката интелигенција, но ќе имаат и можност за поврзување со врвни професионалци од регионот и пошироко.
Лена К. Самуелсон, медиумска директорка, издавачка и главна уредничка, ќе одржи предавање на овогодишниот SoMo Borac со наслов „Leadership and culture in the wake of AI“. Како истакната шведска новинарка и извршна директорка, Самуелсон водела редакции и медиумски организации низ дигиталната трансформација во текот на изминатите 30 години. Во своето предавање ќе ги сподели клучните заклучоци што ги стекнала за тоа како да се создаде иновативна култура. До неодамна беше главна уредничка и извршна директорка на Aftonbladet, еден од највлијателните медиуми во нордиските земји, и го позиционираше како предводник во областа на вештачката интелигенција. Лена К. Самуелсон за време на својата кариера има освоено неколку престижни награди. Денес е тренерка, главна говорничка и виша советничка во Schibsted и други медиумски групации. Членка е на Одборот за медиумска слобода на WAN IFRA.
Своевиден водич за подигнување на ефикасноста на тимот и врвни маркетинг резултати публиката ќе добие во предавањето „Formula za rezultate“ што ќе го одржи Ива Обровац, основачка на Rokkin Marketing, врвна маркетинг консултантка, предавачка на Економскиот факултет во Загреб и сертифицирана Google тренерка. На публиката ќе ѝ ги открие најчестите грешки што ги кочат организациите, без оглед на големината, од мали тимови и агенции до големи корпорации и ќе донесе практични решенија.
На овогодишното издание на SoMo Borac од Македонија доаѓа и основачот на Aqtos.com – Дамјан Дано, кој повеќе од две децении му се посветил на развојот на технолошкиот сектор и во текот на годините соработувал со глобални брендови и локални иноватори, секогаш со фокус на технологија што носи вистинско деловно влијание. Во моментов е фокусиран на бизнис оперативен систем за мали и средни претпријатија поддржан од вештачка интелигенција, а во своето предавање „Stop sounding like a polite robot!“ ќе даде конкретни трикови и совети како да се користи GenAI како практична и креативна алатка, а да не се биде „заглавен“ во неговиот зададен начин на работа.
SoMo Borac веќе 13 години ги наградува најдобрите регионални кампањи во Media и Advertising stream. Главен спонзор на SoMo Borac веќе четврта година по ред е Aleph, додека трета година соорганизатор на SoMo Borac е Хрватската асоцијација на дигитални издавачи (HUDI).
Искористете ја можноста за купување EARLY BIRD влезница, а до 24 септември пријавете ги вашите проекти. Сите новости околу овогодинешното издание можете да ги следите преку SoMo Borac newsletter, како и на SoMo Borac Facebook, Instagram и LinkedIn.