Поточиња со аудиција за нови членови од 15 до 18 септември
- Детали
- петок, 12 септември 2025
Детскиот фестивал Поточиња со голема радост и задоволство известува дека од 15 до 18 септември 2025 година во ООУ “Ѓорѓија Пулевски” (населба Аеродром) ќе одржи Аудиција за прием на нови членови - учесници на новото фестивалско издание "Поточиња 2026".

Нашите идни Поточиња потребно е да ни отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца.

Како што е напоменато Аудицијата ќе се одржи во горенаведените четири дена во период од 18:00 до 19:00 часот, а самото пријавување се врши на лице место. Аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.

Не ја пропуштајте можноста Вашето дете да стане дел од најубавата детска музичка приказна!



