Совршенство во 4К - уметноста на гледањето ТВ, создадена од Samsung

Времето кое го поминувме дома добива сосема „нова димензија“ со новите Samsung Neo QLED телевизори се создадени да го претворат секој момент во доживување што се памети. Замислете вечер со пригушени светла – филмот започнува, а вашиот 85-инчнен Neo QLED QN85F 4K Samsung Vision AI Smart TV ја облева собата со длабоки тонови и живописни бои. Нема повеќе дистанца меѓу вас и сцената; секој кадар е доволно реален за да заборавите дека сте дома.

sovrshenstvo-vo-4k-umetnosta-na-gledanjeto-tv-sozdadena-od-samsung-01.JPG

Каде што секој момент добива сцена – моќ, елеганција и светлина во совршен баланс

Сликата на Neo QLED QN85F 4K Samsung Vision AI Smart TV е вистинска уметност во движење. Quantum Mini LED Pro технологијата овозможува неверојатна прецизност на осветлувањето, каде секој детал е оживеан со совршен баланс меѓу светлина и сенка. Neo Quantum HDR⁺ додава емоција на боите – повеќе живост, повеќе длабочина, повеќе реалност, додека интелигентниот процесор NQ4 AI Gen2 го обработува секој кадар во реално време, прилагодувајќи го за да изгледа најдобро, без разлика дали гледате филм, спортски натпревар, играте игри или стримувате.

Со брзина на освежување до 144 Hz, сè се движи мазно, природно, без замор за очите. Звукот со Dolby Atmos поддршка го заокружува искуството – не само што го слушате, туку го чувствувате. А елегантниот, речиси невидлив дизајн го претвора телевизорот во централно уметничко дело, дел од домот, дел од стилот.

Величествена слика што го редефинира реалното – спектаклот започнува дома

Сакате вистинско кино дома? Во моментот кога ќе се сретнете со 98-инчниот екран на Neo QLED QN90F 4K Samsung Vision AI Smart TV, сѐ се менува. Овој огромен панел ќе ве повлече длабоко во содржината со чувство како да сте дел од неа. Сликата се одликува со таква прецизност и длабочина, а светлината и сенките од околината веќе не се никакви фактори за гледачкото искуство благодарение на Glare Free напредната технологија против отсјај дизајнирана да ги намали рефлексиите и отсјајот на екранот. Појасно, поудобно и пофокусирано искуство при гледање ве очекува, без разлика дали гледате на дневна светлина или во затворен простор. Мини-LED технологијата и интелигентниот процесор NQ4 AI Gen3 го прават гледањето природно и магично, така што секоја сцена добива свое срце.

sovrshenstvo-vo-4k-umetnosta-na-gledanjeto-tv-sozdadena-od-samsung-02.JPG

Со Neo QLED Samsung Vision AI телевизорите ги забележувате и  најсуптилните детали: боите се полни, контрастот совршен, а 4K резолуцијата ве држи доволно блиску за да почувствувате текстурата на моментот. Понатаму, со Quantum Dot технологијата, боите оживуваат, стануваат живописни, прецизни и без кадмиум. Луксуз во секој тон, создаден со совест и перформанси без компромис. А за звукот кој ја раскажува приказната се грижат технологиите AI Mode и Adaptive Sound Pro создавајќи аудио искуство што се прилагодува на просторот и содржината. Гласовите се кристално чисти, музиката длабока, ефектите моќни – искуство што ве обвиткува од сите страни.

sovrshenstvo-vo-4k-umetnosta-na-gledanjeto-tv-sozdadena-od-samsung-04.JPG

Безбедна поврзаност – интелигентен дом со Samsung

Доверба, сигурност и паметна поврзаност се веќе императиви за уредите во домот. Токму тука се истакнува Samsung Knox, платформата што стои како чувар на вашите лични податоци, апликации и секојдневна приватност. Телевизорот станува централна, безбедна точка на вашиот дигитален свет. Со SmartThings апликацијата, целиот дом е под ваша контрола – од светлото и температурата, до уредите што ги користите секој ден. Сè е поврзано, интуитивно и достапно директно преку екранот на телевизорот.

А благодарение на седумгодишните OS надградби, вашиот Samsung телевизор останува секогаш современ, стабилен и подготвен за иднината. Тоа е уред што не само што ја следи технологијата – туку ја предвидува.

sovrshenstvo-vo-4k-umetnosta-na-gledanjeto-tv-sozdadena-od-samsung-3.JPG

Промоција која не треба да се пропушти!

А што се случува дома кога кога треба да се гледа УЕФА Лига на прваци или да се избинџа во еден викенд новата долго очекувана сезона на Дипломат? Или пак, кога само со Блуи јадеме сé до последно залче? Можеби звучи дека околу телевизорите е весело, но сите дома сакаат да си ги гледаат омилените содржини. Не грижете се, бидејќи Самсунг ви нуди фантастична промотивна понуда со која со купување на одредени модели, добивате плус еден помал телевизор од 24 или 27 инчи гратис – идеален за детската соба, работното катче или било кој друг простор кој ќе го одберете во вашиот дом. Побрзајте, оваа промоција трае до 13 ноември, а повеќе информации за истата можете да прочитате тука

Најчитани неделава