Toyota ја носи иднината на патиштата: Интервју со Благоја Димитровски, генерален директор на Toyota Авто Центар
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
Toyota ја носи иднината на патиштата: Хибридната технологија во фокус на Енерго Технома 2025

Со речиси три децении искуство во електрификацијата и повеќе од 30 милиони продадени електрични возила ширум светот, Toyota останува глобален лидер во развојот на одржливи решенија за мобилност. Од 27 до 30 октомври, во рамките на саемот Енерго Технома 2025, посетителите ќе имаат ретка можност одблиску да се запознаат со најновите хибридни и електрични модели на брендот, кој го дефинира автомобилскиот напредок.
По тој повод, разговаравме со Благоја Димитровски, генерален директор на Toyota Авто Центар, кој открива како Toyota ја спојува технологијата и одговорноста кон животната средина, што ќе биде претставено на саемот, како и кои се следните чекори на брендот кон целосна електрификација на македонскиот пазар.
Тоyота е препознатлива како пионер во хибридната технологија. Која е моментната ситуација во тој дел?
Toyota со своето 28 годишно искуство во електрификација брои повеќе од 30 милиони продадени електрифицирани возила ширум светот. Тука се опфатени хибридни, плаг-ин хибриди, целосно електрични и хидроген возила. Годишно произведува и продава повеќе од 10 милиони возила и повеќе години како бренд е позиционирана на лидерската позиција на светско ниво. Toyota нуди multi-path стратегија сочинета од различни технологии со цел да ги задоволи различните потреби на клиентите.
Денес сè повеќе возачи размислуваат за премин кон еколошки возила. Како електричните модели на Тоyота придонесуваат за поефикасно и поодговорно користење на енергијата?
Од 1995 година па наваму, просечната емисија на штетни гасови во Европа, кај Toyota е намалена за повеќе од 50 проценти, благодарение на користење на диверзифициран начин на електрификација. Тоyota има долгорочна цел да ја сведе Co2 емисијата на нула при производство, животниот циклус на возилото, транспорт како и рециклирање на истото.
Кои модели ќе ги претставите на Енерго Технома 2025 и што ги прави уникатни?
Акцентот го ставаме на Corolla Cross, поточно верзија на најпродаваното возило на сите времиња Corolla во SUV изведба. Оваа верзија е погонувана од нашата 5. генерација на хибрид. Ја прикажуваме и комерцијалната програма на доставни возила Pro Ace, како и легендарниот пикап Hilux. Toyota има широка палета во понуда од мали градски автомобили до престижни луксузни лимузини и SUV категорија на Lexus. Главен фактор за репутацијата и големината на Toyota е во принципите кои го дефинираат брендот, а тоа е QDR (Quality, Durability and Reliability), докажано и со гаранцијата која ја нудиме од 10 години или 200.000 км.
Што е најважно што треба да го знаат купувачите кога избираат меѓу класичен хибрид и плаг-ин hybrid возило?
Потенцијалните купувачи во зависност од нивните потреби треба да добијат соодветна презентација на технологијата која е во понудата. За таа цел, ние во Toyota имаме експерти за електрификација, во улога на продажни асистенти сертифицирани од производителот. Нивна задача е разбирање на потребите на клиентот и демонстрација на достапните технологии. На пример, плаг-ин хибрид во нашата понуда овозможува целосно електрично управување до изминати 80 километри. Истиот е потребно да се полни од надворешни извори. За разлика од плаг-ин, целосните хибриди на Toyota се полнат сами и не е потребно поврзување со надворешни извори.
Енерго Технома е значаен настан која ги поврзува компаниите и граѓаните во насока на одржлива иднина. Како овој настап ќе помогне да се доближи хибридната технологија до пошироката публика во Македонија?
Од нашата дневна комуникација со потенцијалните купувачи, сведоци сме дека е потребна проактивност од наша страна во промоција на достапните технологии. Енерго Технома е место каде што ефективно можеме да ја пренесеме нашата експертиза и да го презентираме она што Toyota го има како понуда во Македонија. Бидејќи повеќе од деценија немаме соодветен саем за промоција на автомобили во нашата држава, ние како претставници на Toyota се трудиме да бидеме присутни при секој вид промоција и интеракција со поширокиот аудиториум.
Кои се идните планови на Toyota во контекст на електрификацијата и воведувањето на уште понапредни еколошки решенија на македонскиот пазар?
Toyota заклучно со 2026 година, планира во својата понуда да има 15 модели погонувани исклучиво од електрична енергија или BEV. Во зависност од агендата на производителот, истите ќе ги нудиме и на нашиот македонски пазар. Напредувањето во електрификацијата не е задача ексклузивна на производителите на автомобили, и потребна е синергија помеѓу релевантните фактори.
Кои се вашите очекувања од саемот Енерго Технома 2025 во однос на нови деловни можности и проширување на вашата мрежа на контакти?
На Енерго Технома 2025 посакуваме да ја доближиме технологијата на Toyota до поголем број посетители и потенцијални клиенти. Веруваме дека овој настан ќе овозможи воспоставување на нови деловни контакти, идентификување на партнери за соработка и создавање долгорочни релации, кои ќе придонесат за понатамошен развој и присутност на Toyota на македонскиот пазар.