5 причини зошто да отвориш Онлајн депозит во Шпаркасе Банка

Штедењето отсекогаш било паметна одлука, но сега е полесно од кога било. Во месецот на штедење, Шпаркасе Банка АД Скопје воведe нов дигитален производ – Онлајн депозит со промотивни каматни стапки. Целосно дигитален, без документација и без потреба од посета на експозитура.

5-prichini-zoshto-da-otvorish-onlajn-depozit-vo-shparkase-banka-01.JPG

Во прилог, споделуваме 5 причини зошто ова е вистинскиот момент да започнете со штедење онлајн

1. Побрзо од било кога – орочен депозит со само неколку кликови

Заборавете на чекање, потпишување документи и физичко присуство во експозитура. Со мобилната апликација S-Banka на Шпаркасе Банка, орочувате депозит целосно онлајн, за само неколку минути – од било кое место.

Погледнете го туторијалот

2. Искористете ги промотивните каматни стапки за Онлајн депозит

Само во периодот од 1.10.2025 до 31.10.2025, сите онлајн депозити носат повисоки фиксни каматни стапки од стандардните:

Во денари:

  • 2,80% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 2,70% фиксна каматна стапка за орочување на 13 месеци

Во евра:

  • 2,10% фиксна каматна стапка за орочување на 25 месеци
  • 1,90% фиксна каматна стапка за орочување на 12 месеци

 Минималниот износ за отворање изнесува 3.000 МКД или 100 ЕУР.

3. Штедење без хартија, редици и гужви – заштедете на своето време

Онлајн депозитот е целосно дигитален – без хартиени документи и без посета на експозитура. Совршено решение за сите кои сакаат да го вреднуваат своето време и да ги следат современите трендови.

4. Сигурност и доверба

Шпаркасе Банка е дел од една од најголемите банкарски групации во Европа, Erste & Steiermärkische Sparkasse , со 200 години традиција во штедење, што значи дека вашите пари се во сигурни раце, со транспарентни услови и стабилност на која можеш да се потпреш.

5. Штедење што работи за вас – секогаш и секаде

Со Онлајн депозит, вие одлучувате кога и од каде да орочувате, без ограничувања. Целата контрола е преку вашата мобилна апликација – лесно, брзо и 100% безбедно.

Онлајн депозитот на Шпаркасе Банка е вашиот нов начин на штедење.

Отворете го својот Онлајн депозит преку S-Banka мобилната апликација и уживајте во повисоки каматни стапки и максимална удобност.

 Штедете паметно. Штедете дигитално со Шпаркасе Банка.

Најчитани неделава