Нова платформа за љубителите на енигматиката
- Детали
- петок, 24 октомври 2025
еnigmatika.live e нова бесплатна платформа за љубителите на енигматиката која овозможува онлајн решавање на крстозбори и други енигматски состави на македонски јазик.
За секој точно решен крстозбор или судоку регистрираните корисници добиваат поени, со тоа сајтот покрај едукативен има и натпреварувачки карактер. Листата на најуспешни 5 решавачи се абдејтира секојдневно.
Сајтот содржи скандинавки, класични и мини крстозбори во најразлични форми, осумнасочници, судоку загатки поделени во три нивоа, лесни, средни и тешки, како и крстозбори за помладите решавачи.
Во продолжение неколку загатки превземени од горенаведениот сајт.