Слави, родендени, празници, нова облека за децата: Како ќе се справам со новите сезонски трошоци?
- Детали
- вторник, 28 октомври 2025
Не знам дали и кај вас е така, но кај мене и во нашиот дом секоја есен се случува речиси истото сценарио.

Сè уште не сме се опоравиле од летните трошоци за одмор, детски кампови, кречењето на домот после 10 години 😊, опремување на детската соба со биро за на училиште каде што ќерка ми ќе пишува домашните... а есента веќе со сигурност си носи нови инвестиции.
Се обидувам да направам некаков план и пресметка за очекувани трошоци во следниов период од типот: неколку домашни слави, десеттина детски родендени, имендени, уште 3 свадби до Нова Година, нова облека за децата бидејќи ланската е надрасната... да не ги спомнувам сметките за струја, греење...
Уште ако ја додадеме големата желба за скијање на целото семејство, новогодишните подароци од „Дедо Мраз“...да не зборувам дека секогаш ќе се појави нешто плус кога најмалку очекуваме.

Седам синоќа со топло кафе и си велам: „Како ќе стигнеме сè? Како да го преживеам стресот и трошоците кој по секако ќе го оптоварат нашиот домашен буџет?“
И знаете што? Понекогаш едноставно треба да си помогнеш себеси, да не зависиш од случајности и да не се нервираш од секојдневните предизвици. Така решив да пробам да видам каков е процесот за подигање онлајн кредит од кај моите Халкбанк („мои“ затоа што животот ми се олесни откако се префрлив кај нив, па така ги доживувам) а и затоа што слушнав дека треба да е навистина едноставно (секако дека претходно се консултирав со сопругот 😊).
Генерално, кога и да треба да отидам во банка, ме фаќа мала паника, од причина што имам вистинска аверзија од чекање редици, носење куп документи (а, на крај секогаш недостасува некој лист), па си викаш може и требаше да земам слободен ден од работа и онака изгубив 3 саати веќе... па, затоа си реков „Ајде, да видиме дали може ова да оди поедноставно“.
Бидејќи секогаш сакам прво да проверам кои чекори треба да ги преземам си го отворив упатството во краткото видео каде се објаснети сите чекори како до онлајн кредит.
Сè направив од дома, додека децата си играа околу мене брканица.

Без редици, без гужви, без хартија – само неколку клика, и веќе знаев дека моите планови за есен и зима можат да се реализираат без стрес.
Кој би рекол дека нема да има потреба да одам во банка, да аплицирам и чекам нов „не постар од... извод од матично“ и останатите потребни документи кои обично ги побаруваат банките?
Малите решенија како ова понекогаш го прават животот многу поедноставен.
Знаеш што е идеално? Online Кредит – твоето мало олеснување кога најмногу ти треба.
фото: freepik.com / depositphotos.com