Што создаваат македонските музички артисти: Секоја недела нова музика во „Што го врти светот?“

Од оваа трета сезона, поткастот „Што го врти светот?“ со нов формат и звук. Секоја недела објавуваат нови сесии во живо снимени во музичко студио. Првите три епизоди понудија комбинација од стилови од инди-поп дивата Дина Јашари и прекрасниот бенд, до Дупер дуо бендот кој веќе ги пополни салите на планираните концерти во ноември и поп принцезата Лара која ја исполни просторијата со својот моќен глас.

shto-sozdavaat-makedonskite-muzichki-artisti-sekoja-nedela-nova-muzika-vo-shto-go-vrti-svetot-01.png

Според креаторите Јована Аврамовска Николовска и Виктор Митевски од ЗМАИ, овој формат недостасувал на медиумите и влогот во промоција на звукот создаден од нашите артисти е влог во нови растечки публики и зголемена вредност за музичарите.

Сите растевме со новата музика која се создаваше во нашето време, таа го отсликува моментот и зборува за реалноста која ја живееме. При едно од нашите истражувања, на сосема друга тема, увидовме недостига телевизиски простор за разновидна македонска музика. Кога таков простор се отвора, немаме квалитетна аудио продукција. Секаде во светот постојат добри музички сесии во живо, квалитетот на македонските музичари го заслужува тоа. Па затоа просторот кој ни беше доверен од Телевизија Телма одлучивме да го делиме со артистите од земјава и заедно со публиката да си ја запознаваме музичката сцена во секоја нејзина форма. Тука создавале Леб и сол, Тоше Проевски, Каролина Гочева, Ареа, Суперхикс, Синтезис, Калиопи, Тамара и Тијана, Симон Трпчевски... Музички величини кои постоеле истовремено во медиумскиот простор и кои својата публика ја нашле кај македонската, регионалната и светската јавност. Па така, логично е да им дадеме простор на овие изведувачи за новата музика што ја креираат, но и на младите автори кои допрва треба да не прават горди. Особена благодарност до тимот на АдВалју продукција, Ангел Ќосев - музичкото студио Подрумот и Јован Јанковски видео кои се дел од тимот и нафатија на предизвикот да создаваме квалитетно видео и аудио издание на „Што го врти светот?“ кое ќе остане да сведочи за музиката што ја создаваат нашите музички артисти – велат креаторите на поткастот и емисијата.

Овој текст дојде до својот крај, во продолжение се линкови од двете првообјавени музички сесии. Како што вели Јована: Уживајте!

Дупер

Дина Јашари

Најчитани неделава