Започна кампањата Movember на Златен Даб под мотото „На здравје, за машкото здравје!“

Скопје, 4 ноември 2025 – По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје.

zapochna-kampanjata-movember-na-zlaten-dab-pod-mototo-na-zdravje-za-mashkoto-zdravje-01.JPG

Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – Аџибадем Систина и Жан Митрев, преку пополнување на формата објавена на следниот линк.

„Оваа сабота на 1 ноември, Златен Даб беше покровител на спортско искачување на планината Водно во соработка со планинарското друштво H2O и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, каде се дружевме со добра енергија, одлична музика и ладно пиво. Поводот беше симболично да го официјализираме почетокот на кампањата за машко здравје на Златен Даб - „На здравје, за машкото здравје!“ и приклучување кон „Мовембер“ глобалното движење посветено на машкото здравје, со цел да нè потсети дека редовните прегледи и превенцијата се најважни чекори за долгорочно здравје“ – изјави Марјан Стоилов, Директор на сектор за продажба во Прилепска Пиварница.

zapochna-kampanjata-movember-na-zlaten-dab-pod-mototo-na-zdravje-za-mashkoto-zdravje-02.JPG

Златен Даб ги повикува сите да се приклучат на кампањата и да направат чекор кон сопственото здравје, затоа што грижата за себе е доказ за вистинска одговорност.

zapochna-kampanjata-movember-na-zlaten-dab-pod-mototo-na-zdravje-za-mashkoto-zdravje-3.JPG

Со секоја наредна година, Мовембер во организација на Прилепска Пиварница станува традиција и симбол на одговорност, храброст и заедништво.

zapochna-kampanjata-movember-na-zlaten-dab-pod-mototo-na-zdravje-za-mashkoto-zdravje-4.JPG

На здравје, за машкото здравје!

Најчитани неделава