ПроКредит Банка продолжува со поддршка на младите лидери од Економскиот факултет – Скопје при УКИМ

На свечената промоција на дипломираните студенти на Економскиот факултет – Скопје, одржана на 12 ноември 2025 година, ПроКредит Банка уште еднаш ја потврди својата посветеност кон младите, образованието и вредностите што создаваат одржливо општество.

prokredit-banka-prodolzhuva-so-poddrshka-na-mladite-lideri-od-ekonomskiot-fakultet-skopje-pri-ukim-01.JPG

Во присуство на професори, студенти и гости, Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, им се обрати на дипломците со инспиративен говор во кој ја сподели својата лична приказна како поранешен студент токму на овој факултет и им посака да бидат амбициозни, храбри, љубопитни и да не забораваат дека вистинскиот успех започнува од внатрешната верба и од интегритетот.

„Овој факултет не ме научи само економија, туку ме научи како да размислувам. Да прашувам зошто, да слушам пред да зборувам, и да гледам можности таму каде што другите гледаат пречки. Тоа се вештините што ме водат и денес, во ПроКредит Банка,“ истакна Дамчевски.

prokredit-banka-prodolzhuva-so-poddrshka-na-mladite-lideri-od-ekonomskiot-fakultet-skopje-pri-ukim-02.JPG

ПроКредит како институција која ги вреднува знаењето, интегритетот и развојот на потенцијалот, на десетте најуспешни дипломци ќе им даде можност за вработување во Банката, а дополнително на најуспешните три студенти им додели финансиска награда.

ПроКредит Банка е партнер на младите и на академската заедница повеќе години наназад. Нивната соработка со Економскиот факултет – Скопје израсна во вистинска заедничка мисија: да се создаде генерација економисти кои ќе размислуваат критички, ќе дејствуваат одговорно и ќе градат економија со човечко лице. Еден од највпечатливите резултати на ова партнерство е и новоотворената ProLab – креативната лабораторија поддржана од ПроКредит Банка, создадена како современ простор за идеи, тимска работа и иновации.

prokredit-banka-prodolzhuva-so-poddrshka-na-mladite-lideri-od-ekonomskiot-fakultet-skopje-pri-ukim-03.JPG

На свечениот прием по повод 75 години од основањето на Економскиот факултет – Скопје, УКИМ, кој ќе се одржи во МОБ на 12 ноември од 19 часот,  Милан Дамчевски прими благодарница во име на ПроКредит Банка за долгогодишната соработка и поддршка.

За ПроКредит Банка, оваа соработка е повеќе од корпоративна општествена одговорност – таа е вложување во генерации што ќе го движат економскиот и етичкиот напредок на земјата. Банката останува доследна на својата мисија да биде мост меѓу финансискиот сектор и образованието, меѓу идеите и нивната реализација.

Најчитани неделава