Дали сте за нутри шејк богат со протеини и растителни влакна за доручек?

Доручекот е несомнено најважниот оброк! Тоа сите го знаеме, но и покрај тоа многу често правиме лоши избори и како последица на тоа ја покачуваме тежината.

dali-ste-za-nutri-shejk-bogat-so-proteini-i-rastitelni-vlakna-za-doruchek-01.jpg

Ни се случува во недостаток на дисциплина, време, ограничена понуда или неинформираност најголем број луѓе стихијно да се одлучат за гевреќ, бурек, лиснато тесто и други пецива, некакви ладни сендвичи...тука е и кафето (посебно лошо ако го пиеме на гладен стомак) во кое исто така ставаме шеќери, сите преполни со јаглехидрати и додадени шеќери што ќе не заситат на почеток, но за кратко време гладта се враќа како бумеранг, па многу брзо посегнуваме по грицки меѓу оброците. Таквиот начин на исхрана е една од главните причини за покачување на тежината кај луѓето.

Кои се здравите опции? Која е улогата на протеините и на растителните влакна во регулацијата на гладта и ситоста?

Трргнувајќи од констатацијата за важноста на појадокот, и колку е тој важен за регулирање на тежината, истовремено анализирајќи ги и навиките на луѓето на овие простори, Натура Терапи го создаде Нутри ШЕЈК нутритивен оброк кој се спрема за една минута, и претставува одличен избор за доручек, кој дава енергија и прави долго време да бидеме сити. Содржи ниски калории, 12 витамини и 4 минерали, и 100% протеин од сурутка. Има и производ со вкус на чоколадо, што го прави одличен избор за оние кои преферираат посладок вкус. Го има и во веганска варијанта, со протеин од грашок, но без додадени витамини, што го прави погоден за сите вегани и сите оние кои имаат проблеми со млечните протеини.

Помага да се намали внесот на калории и да се одржи здрава тежина. За одржување оптимална тежина, се препорачува замена на еден обичен оброк со производот и консумирање два хранливи здрави оброци по избор.

Нутри шејк не е само практично решение за оние кои се во движење, туку има и одличен вкус што го прави пријатен за конзумирање. Може да се избере шејк со вкус на јагода, ванила или од чоколадо.

@adastra.eu

Nutri Shake = брз, вкусен и здрав оброк 👌 ✅ Само 90 калории ✅ Протеини + влакна за ситост и енергија ✅ 3 вкуса: чоколадо, јагода, ванила 👉 Подготвен за <1 минута

♬ original sound - adastra

„Секое утро треба да му обезбедите на телото доволно протеини, како и доволна количина на витамини и минерали посебно. Нутри шејк  се издвојува токму поради неговите внимателно избрани состојки, од кои секоја придонесува за неговата хранлива вредност. Примарната состојка е концентрат од протеин од сурутка, кој ги содржи сите есенцијални амино киселини неопходни за функционирање на телото, во комбинација со овесни трици и глукоманнан, и претставува одлична опција за хранлив доручек. Диеталните влакна (кои ги има во овесните трици и глукоманнан) даваат ситост, го исполнуваат стомакот, ја успоруваат дигестијата и ја намалуваат апсорпцијата на масти и шеќери. За глукоманнан и Европската Агенција за безбедност на храна потврдува дека помага во слабеењето" смета Сашко Дрвошански, нутриционист, Менаџер за истражување, развој и едукација во Натура Терапи.

Подготовката на нутри шејк е брза и лесна, доволно е да се измешаат 55 грама со 250 ml топло или ладно млеко (по можност 1,5% маснотии) или вода. Диет шејкот е најдобро да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана и како компонента на здрав и активен животен стил. За регулација на тежината, се препорачува да се заменат два обични оброци дневно со овој продукт.

Една од клучните карактеристики е неговата импресивна мешавина на витамини и минерали. Ова вклучува витамин Ц, магнезиум, витамин Е, витамин Б3, витамин Б5, витамин Б6, витамин Б2, витамин Б1, железо, витамин А, витамин Б9, витамин Б7, витамин Б12, селен, витамин Д и хром. Овие микронутриенти играат клучна улога во одржување на здрав метаболизам, обезбедување енергија и поддршка на напорите за управување со тежината.

Најчитани неделава