Започнува нова сезона од тинејџерското ток-шоу – Низ град со Кики

Шпицата за новата сезона на серијалот во фокусот го има Скопскиот брутализам. Ја изработи познатиот македонски режисер Георги Унковски.

zapochnuva-nova-sezona-od-tinejdzherskoto-tok-shou-niz-grad-so-kiki-01.jpg

Во видеото се користени брзи резови, храбри VFX ефекти и вештачка интелегенција, под водство на продуцентот на серијалот Дејан Пановски од Вертиго продукција.

Музиката е авторско дело на артистот Вански, Матеј Ваневски, која е доработена за потребите на серијалот.

Првата епизода од втората сезона од серијалот „Низ град со Кики“ ќе се емитува на програмата на МРТ1 во сабота, 22 ноември, во 19:15 часот и на Youtube каналот на Кики Мукаетова. Епизодата е посветена на средношколците и носи наслов: Реалноста зад митовите. Направена е со непосредни интервјуа со средношколци од СУГС „Георги Димитров“ од Скопје.

На тема животот на средношколците, Кики Мукаетова неодамна ја издаде својата прва песна „Loop”.

Најчитани неделава