Ново место во Скопје каде жените вежбаат паметно, елегантно и ефикасно: Се отвори WE RE:FORM реформер пилатес студио
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
Во време кога сè повеќе жени бараат начин да се чувствуваат силно, здраво и енергично, без исцрпувачки тренинзи и монотони фитнес рутини во Скопје пристигна трендот што го освои светот.

Новото WE RE:FORM реформер пилатес студио, лоцирано во близина на Градски парк во Скопје, ги отвори своите врати и веќе привлекува внимание кај сите кои сакаат грижа за телото, подобро држење, затегната линија и момент само за себе.
Реформер пилатес е модерен и динамичен начин на вежбање кој комбинира контрола, сила, флексибилност и елегантни движења, користејќи специјална Reformер машина што овозможува прецизни и безбедни вежби за целото тело. За разлика од класичните тренинзи, овде фокусот не е само на изгледот, туку и на чувството на леснотија, баланс и енергија, изјави Рената Младеновска сертифициран инструктор за реформер пилатес.
Токму затоа реформер пилатес денес е омилен избор на жените ширум светот од холивудски актерки и модели, до успешни деловни жени и мајки кои сакаат време посветено на себе и своето здравје.

Она што го прави WE RE:FORM поинаков е внимателно креираниот простор, малите групи и индивидуалниот пристап, благодарение на кој секоја жена може да вежба според сопственото темпо и физичка подготвеност. Без разлика дали си почетник или веќе активно тренираш, Reformер Pilates овозможува ефикасен тренинг со минимално оптоварување на зглобовите и максимален ефект врз телото.
Со само неколку тренинзи неделно, резултатите стануваат видливи: подобро држење, затегнато тело, поголема флексибилност и чувство на сила и самодоверба.

Ако долго време бараш тренинг што ќе направи да се чувствуваш добро и однадвор и однатре, можеби токму ова е твојот нов омилен ритуал.
WE RE:FORM студиото веќе е отворено во близина на Градски парк во Скопје.