East Gate Living – зелена оаза на идеална локација

East Gate Living е новото срце на Скопје што ќе понуди нов модерен концепт на домување во главниот град. Овој современ проект, кој е дел од повеќенаменскиот современ центар на источната страна од градот, е веќе во изградба и прераснува во едно од најбараните места за живеење во државата. Урбаното живеење со себе носи предизвици за кои East Gate Living нуди совршени решенија.

east-gate-living-zelena-oaza-na-idealna-lokacija.jpg

Лоциран е на 3 минути до парк-шумата Гази Баба, еден од позначајните паркови во градот Скопје. Овој зелен простор се простира на околу 100 хектари површина со тревни површини и различни видови дрвја што се насадени уште во педесеттите години. Тој е прогласен за заштитено подрачје според Законот за заштита на природните реткости. Парк-шумата Гази Баба претставува голем зелен остров во урбаното ткиво на Скопје и е опремен со објекти за рекреација, пешачки патеки, видиковци, клупи и маси за одмор и пикник.

Токму близината на East Gate Living до парк-шумата и новиот трговски центар East Gate Mall го прави овој модерен комплекс на домување најпосакуван на пазарот, при што по самото лансирање на проектот веќе се продадени над 50 станови. Поставеноста на резиденцијалните згради е планскa за да се овозможи проток на воздух и светлина. Зеленилото што ги опкружува зградите на новите жители на East Gate Living ќе им овозможи модерно и активно живеење. Лоциран на само 5 минути од центарот на Скопје, East Gate Living претставува зелена урбана оаза во градот.

Новиот East Gate Mall, чие отворање е најавено наскоро, ќе претставува најголем центар за забава, шопинг и култура во регионот. Резиденцијалниот комплекс во негова близина ќе ги има на располагање многубројните можности за активности на сите генерации.

Жителите на East Gate Living ќе имаат можност да живеат нов, модерен и динамичен стил на живот со користење на природните придобивки во окружувањето: парк-шума, сопствено зеленило и паркови со детски игралишта. Конечно, жителите на Скопје добиваат плански развиен комплекс со повеќенаменска употреба за резиденцијално домување, мол со 250 продавници и пет бизнис-центри.

East Gate Living е заедничка капитална инвестиција на неколку компании, и тоа: Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, групацијата БАЛФИН е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и во Холандија, со приближно 6 000 вработени луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн. Групацијата БАЛФИН расте стабилно и има позитивно влијание врз локалните заедници преку економски развој, раст на вработеноста и социјални инвестиции.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg