Последната средба со Димитар Илиевски - Мурато: Интервју со Словенецот кој последен го видел жив македонскиот алпинист

Корпоративниот блог никогашсами.мк објави интервју со алпинистичката легенда и член на македонската експедиција на Еверест во мај 1989, Вики Грошељ

poslednata-sredba-so-dimitar-ilievski-murato-intervju-so-slovenecot-koj-posleden-go-videl-zhiv-makedonskiot-alpinist-01.jpg„Диме Илиевски во базата под Еверест во 1989 година.“ – од приватната архива на Виктор Грошељ

Во историјата на македонскиот алпинизам името на Диме Илиевски - Мурато ќе остане вечно запаметено и засекогаш завеано на падините на Хималаите како негов вечен дом. Енигмата и многуте неодговорени прашања што се случи таа кобна вечер на 10 мај 1989 година, по успешното искачување на „покривот на светот“ - величествениот Монт Еверест, и понатаму остануваат неодговорени и полни со претпоставки.

Во потрага по вистината зошто Диме не успеа да се врати во базниот камп заедно со алпинистите Стипе Божиќ и Виктор Грошељ, со кои заедно го освоија врвот, новинарите, патеписците и планинарите честопати изнаоѓале начини барем приближно да претпостават што го натерало Диме да ја напушти екипата и сам со брзи чекори да се упати надолу кон базниот камп, за попатно засекогаш да му се изгуби трагот.

Многупати досега низ интервјуа и разговори познатиот словенечки алпинист Грошељ правел обиди да ни го раскаже искуството со Диме и на некој начин да ни помогне да се втурнеме во спомените и да извлечеме некоја нова вистина за причините на неговата смрт. Но, понекогаш и без поголема претенциозност едноставно сакаме да ги споменуваме луѓето кои оставиле силен белег во историјата на македонскиот алпинизам.

На една неодамнешна конференција на Сава Осигурителната Групација, каде дел од учесниците биле и поголем дел од вработените во Сава пензиско друштво а.д. Скопје, во неформалниот дел од програмата кој има за цел да ги релаксира учесниците на конференцијата од стручните и стратешки теми, гостин со свое предавање бил токму господинот Вики Грошељ, легендата на југословенскиот и словенечкиот алпинизам.

Импресиониран од неговите подвизи на Хималаите, но најмногу од неговото учество во македонската експедиција за искачување на Еверест во 1989 година во која нашиот алпинист Димитар Илиевски - Мурато го губи својот живот, Коста Ивановски, член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје не ја пропуштил шансата да реализира интервју кое е споделено на нивниот Блог nikogassami.mk.

Во продолжение го споделуваме интегрално интервјуто со господинот Грошељ како еден од последните луѓе кој го видел жив Димитар Илиевски - Мурато, и тоа само неколку метри од врвот на Еверест:

1. Господине Грошељ, вие сте еден од луѓето кои ја имале ретката можност да му честитаат лично на Димитар Илиевски - Мурато за искачувањето на Еверест, но и еден од последните луѓе, кој го видел жив, и тоа само неколку метри од врвот на Еверест, по што на Диме му се губи трагата. Можете ли да ни доловите дел од овие моменти кои за нас македонците се од огромно значење?

Спомените на тој 10 мај 1989 година сѐ уште се живи, како да се случи вчера. Од три часот наутро, Диме, Стипе, јас и двајцата шерпаси, Сонам и Аџива, заедно се боревме да стигнеме до врвот. На непалската страна на планината, недостатокот на снег значително ни го отежна искачувањето, се искачувавме по ронлива карпа.

На кинеската страна на планината на висина од 8.400 метри натаму, бевме пречекани од огромни количини снег. До гради потонавме во снегот и тоа дополнително не забави. Дури  во пет часот попладне стигнавме до 8.748 метри на високиот јужен  врв.  Таму ми снема од дополнителниот кислород од боцата. Пријателите продолжија побрзо, додека јас како расипан автомобил полека се влечев зад нив.

Со исклучителен напор успеав да го искачам  Хилариевата стапка и тогаш до мене се спуштија Стипе и Диме, кои веќе се враќаа од врвот.  Невешто се прегрнавме. Се радував на нивниот успех, како и на својот, бидејќи не верував дека без дополнителниот кислород ќе успеам да се искачам над Хилариевата стапка. И двајцата беа полни со грижа за мене бидејќи одлучив да продолжам, а тогаш, навистина, не сакав да се откажам по ниедна цена.

ОСТАТОКОТ ОД ОВА ЕДИНСТВЕНО ИНТЕРВЈУ СО ГОСПОДИНОТ ВИКИ ГРОШЕЉ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg