Гостите #НаМаса – Празнични специјалитети со VEMILK
- Детали
- среда, 29 декември 2021
Зимската сезона скоро секогаш измамува чувство на комфор, подарување, наздравување и празнување на убавите моменти за време на имендените, родендените и славите со најблиските и тоа токму на најпопуларното и најгласното место во секој дом, - на маса.
Празничниот период е време на вкусни и топли оброци, кои изобилуваат со зачинети и млечни состојки од палетата на VEMILK, поготово во македонската кујна кога за време на доручек, ручек или вечера, споделуваме безброј шеги и многу мислења.
Новогодишните и божиќни рецепти, се забавен начин за зближување со семејството за време на празниците, со интересен предизвик во подготовка на највкусен и најубав новогодишен специјалитет, збогатен со млечни VEMILK вкусови, медитерански зачини, вкусни сосови, на кои нема да може да одолеат ни најпребирливите.
Секоја прослава со семејството и пријателите е посебна, но зошто токму наредната да не ја трансформирате во несекојдневно искуство за секого, со приготување на традиционални и препознатливи деликатеси, на свој начин и по свој вкус.
А идеите за победнички рецепти се многубројни: Новогодишна пица во форма на елка со неодолива моцарела, - совршен аксесоар на опуштена вечера со домашно кино, питата на баба со вкусен македонски VEMILK јогурт, празнична декорирана даска со микс од вкусни македонски VEMILK кашкавали и сирења и соодветно одлежано и зрело црвено вино, празнична и зачинета Мимоза салата со густа VEMILK кисела павлака за побогат вкус, и уште многу други.
Но најпознатиот празничен рецепт, кој што секоја година едвај чекаме да го ставиме на маса, заедно со вкусни и воздушести кифлички, приготвени од рацете на мама или тато, или пак на баба или дедо, е вкусување на вистински празничен рај. Секако се работи за омилената Руска салата.
Пробајте го овој рецепт за Руска салата, како совршен избор за зимските денови:
Потребни состојки:
- 500 гр кашкавал
- 500 гр шунка (пилешка или свинска)
- 500 гр обарен морков
- 500 гр варени компири
- 300 гр Вемилк кисела павлака
- 300 гр конзервиран грашок
- 300 гр кисели краставички
- 300-400 гр мајонез
- Сол и бибер
Подготовка:
Сите состојки се сецкаат на мали коцки (освен грашокот). Потоа, се додаваат во сад, се зачинува по вкус и се додава и кисела павлака и мајонез. Се декорира и сервира по желба.
Новогодишни кифлички
Потребни состојки:
- Кравјо сирење
- 0,5 литри млака вода
- 1 коцка (40гр) свеж квасец
- 125 гр омекнат путер
- 1,5 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 50 мл масло
- 900-1000 гр брашно
- 1 јајце
- по потреба сусам
Подготовка:
Во млака вода се дроби квасецот и се додаваат сите состојки, од кои на крај брашното, - и веднаш се започнува со месење со што се добива мазно тесто.
Се намастува тестото со масло и се остава да отстои 10-15 минути. Потоа, се дели тестото на 3 делови, по кое што се расукуваат истите и се премачкуваат со путер, освен најгорниот дел.
Се расукува тенка кора и се сече на триаголници. На почетокот на секое се става кравјо сирење и се рола во кифличка. Потоа, се редат во плех (премачкан со путер или малку зејтин или прекриен со хартија за печење), каде што се премачкуваат со разматено јајце и посипуваат со сусам.
За дополнителна мекост на кифличките се додава по мало парче путер. Во рерна се печат на 180°С, од 20-30 минути, сѐ додека не добијат златна боја.
Секој празничен момент е повкусен со VEMILK на маса.