За посреќни празници – Mozzart со донација пакетчиња ја поддржа акцијата на Правната клиника

Ова е традиционална акција која секторот во рамките на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола ја организира веќе неколку години.

za-posrekjni-praznici-mozzart-so-donacija-paketchinja-ja-poddrzha-akcijata-na-pravnata-klinika-01.jpg

Атмосферата на подарување во Mozzart трае цела година, а за време на празниците особено е важно да се измамат насмевките на најмалите. Регионалниот лидер во приредување игри на среќа затоа ја поддржа акцијата на Правната клиника и обезбеди новогодишни пакетчиња за најмладите од загрозените семејства. Ова е традиционална акција која секторот во рамките на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола ја организира веќе неколку години.

„Претстојните празници се највеселиот дел од годината, а пакетчињата се еден од начините да им го разубавиме овој период на децата. Детските насмевки и нивната радост се најубавата слика за крај на годината, благодарност до Mozzart што ни помогна во реализацијата на оваа акција.” - нагласи Ивона Шушак Лозановска, Координатор на Правниот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола.

za-posrekjni-praznici-mozzart-so-donacija-paketchinja-ja-poddrzha-akcijata-na-pravnata-klinika-02.jpg

Во играта на хуманоста секогаш постои поголема мотивација за победа. Затоа компанијата Mozzart секојдневно се обидува да обезбеди нови средства за помош на разни добротворни организации, здруженија, центри и поединци на кои им е најпотребна.

„Во пресрет на празниците, особено е важно уште повеќе да се обединиме во вакви акции, а мило ни е што во соработка со Правната клиника ги израдувавме најмалите со новогодишни пакетчиња.” - истакна Мики Златески, Менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

za-posrekjni-praznici-mozzart-so-donacija-paketchinja-ja-poddrzha-akcijata-na-pravnata-klinika-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg