Што ги поврзува вашето хоби и шолјата кафе?

Јануари за многумина е асоцијација за празниците, тој е месец кога започнуваме со нови планови и кога започнуваме да ги спроведуваме новогодишните желби и одлуки во животот. Сепак, малку е познато дека јануари е месец на хоби

shto-gi-povrzuva-vasheto-hobi-i-sholjata-kafe-01.jpg

Не постои дефиниција за хоби, но најточна е онаа која вели дека тоа е активност што ја извршуваме за лично задоволство и без да постигнеме паричен надоместок.

Хобијата нè прават среќни, уживаме во нив, а собирајќи и разменувајќи предмети за нашите колекции, запознаваме и нови луѓе. Пред скоро две години, глобалната пандемија не принуди да бидеме затворени во нашите домови. Слободното време го посветивме на нашите хоби - нивното откривање, развој и подобрување.

Хоби може дури и да имаат корисен ефект врз нашето расположение. Многу ситуации поради кои сме немирни на приватен или професионален план ќе ублажиме со помош на хоби. Во последниве години популарни се боенките за возрасни против стрес, одгледувањето цвеќиња може да биде хоби кое не опушта, потоа сликањето, пишувањето поезија и проза, реновирање или чистење на домот... Можностите се многубројни, а секој од нас ќе избере тој што најмногу му се допаѓа.. Кое хоби и да го избереме, тоа ќе ни помогне да се опуштиме, да го ослободиме стресот, да го намалиме чувството на анксиозност и да уживаме во времето што го одвоивме за нашите мали задоволства. Изминатите две години не научија да се прилагодиме на новите околности на животот и работата, малку да забавиме и да одвоиме време за сите оние активности на кои претходно не можевме да им се посветиме.

Секој од нас ужива во различни работи - нашите мајки и баби собирале салфетки, татковците и дедовците поштенски марки или метални монети. Денес, во ерата на дигиталните технологии, можете да ги видите дури и најголемите колекции на Интернет за само неколку секунди. Собирањето физички примероци за помладите генерации е сосема незамисливо. Сепак, има предмети кои се уште се собираат со посебна гордост. Често луѓето ширум светот се спремни да одвојат пари за да ги комплетираат своите збирки книги, слики, садови или кои било други предмети со копија што им недостасува. И нема ништо лошо во тоа, бидејќи нашите хобија не прават среќни, а колку е поголема колекцијата, толку посреќен ќе биде и колекционерот. Така, вистинските љубители на кафе ги собираат своите омилени шолји од кои го пијат најпопуларниот пијалок на светот.

shto-gi-povrzuva-vasheto-hobi-i-sholjata-kafe-02.jpg

Читањето книги со шолја домашно кафе е едно од најраспространетите хоби низ светот. Познато е дека читањето облагородува, ја развива имагинацијата и го збогатува нашиот речник, а моментите во кои се помируваме со судбините на нашите омилени херои ни даваат можност накратко да се преселиме во друг свет. Во периодот кој ни е наметната социјална дистанца, книгата стана попопуларна од кога било досега. А каков беше светот во 2020 година, ни покажаа зборовите - меѓу традиционалните зборови на годината се најдоа термини како пандемија, затварања, карантин... И покрај реалноста која никогаш не била безгрижна во светот, книгите се тие кои ни даваат поинаков увид, удобност и бегство во други светови. Читањето страници носи и забава и олеснување, без разлика дали читаме од нашите полици или одлучуваме да читаме е-книги или да слушаме аудио снимки.

Седмата уметност, како што често се нарекува филмот, е нешто поприемчива за сите оние кои немаат трпение или доволно време да се посветат на страниците на книгите. Таа магична фикција на големото платно која ги оживува сите суштества од имагинацијата, а среќните љубовни приказни не само што ни носат насмевка на лицата, туку и неколку солзи. Неизбежно има популарни серии, домашни и странски продукции, со кои често се собира целото семејство, но и соседите и пријателите, па со шолја кафе дома постојано зборуваат за авантурите на нивните омилени херои и ги предвидуваат заплетите што ќе се случат.  Почетокот на пандемијата донесе глобален феномен - фасцинација со шпанската серија „La Casa de Papel“, криминална приказна чија четврта сезона излезе токму во времето на првите затварања и која стана апсолутен рекордер по бројот на прегледи и преземања. Затоа и не е чудно што гледачите ширум светот со нетрпение ги очекува новите епизоди, во кои уживаа со пријателите или семејството, удобно сместени пред своите ТВ екрани.

shto-gi-povrzuva-vasheto-hobi-i-sholjata-kafe-03.jpg

Последниве месеци поминуваме многу време во нашите домови, а многумина решија слободното време да го поминат откривајќи и усовршувајќи ги своите кулинарски вештини. Готвењето одамна е резервирано не само за дамите. Има се повеќе мажи и млади луѓе кои сакаат да си ги подготват омилените закуски. И веќе не е важно дали на трпезата ќе има слатки или солени деликатеси, важно е се да изгледа убаво и да е совршено вкусно. За тоа се погрижи јубилејниот Doncafé cup. Оваа шолја не е само ваша вистинска мерка за кафе, туку и мерка за се останато. Речиси и да нема домаќинка во Македонија која во изминатите две децении не ги измерила, додала и истурила сите потребни состојки за своите специјалитети со помош на Doncafé шолјата. А кога семејството и пријателите ќе се соберат на трпеза со грст највкусни закуски, и ќе се додаде и кафе во јубилејни шолји Doncafé, уживањето е загарантирано. А можеби сите заедно ја имаат најголемата колекција на шолји Doncafé кои ни ја даваат вистинската мерка за кафе, поддршка и оптимизам повеќе од 20 години!

shto-gi-povrzuva-vasheto-hobi-i-sholjata-kafe-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg