Јавен повик за мали бизниси и стартапи

Во време на повеќегодишна пандемија, малите бизниси се едни од најпогодените од последиците на оваа состојба која сè уште трае.

javen-povik-za-mali-biznisi-i-startapi-01.jpg

Оваа година маркетинг агенцијата Division прославува 21 години постоење и по тој повод објавува јавен повик за малите бизниси, стартап компании и поединци и подарува попуст од 90% на дел од своите услуги токму на оние кои оваа помош им е најпотребна. Tокму затоа во чест на универзалното полнолетство од 21 година, на крај на месец март, маркетинг агенцијата Division ќе избере 21 кандитат од пријавените мали бизниси, стартапи или поединци.

Овие субјекти ќе можат да ги добијат следните услуги со неверојатен попуст oд 90% кои се само дел од услугите кои Division ги нуди како full service маркетинг агенција:

-Креирање на темплејти/насоки за објави на социјални мрежи

-Дизајн за креирање на one-pager презентациска веб страна

-Дизајн на пакување/етикета -Изработка на корпоративни материјали (нотеси, папки)

-Изработка на лого -План и стратегија за спонзорирање на содржина на Google (GDN, YT или search кампања)

-План и стратегија за спонзорирање на содржина на Инстаграм или Фејсбук

-Дизајн на принт материјал (постер, флаер, брошура)

-Фотосесија на продукт со ограничен број на фотографии -10

-Анализа и препораки за подобрување на дигитално присуство/ Совети за стратегија за интегрирана маркетинг кампања

Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк.

Ценовник на услугите на следниот линк.

За сите дополнителни информации и прашања, контакт на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавувањето е до 31.03.2022 година.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg