Како до ревитализација и побрз раст на косата?

Доколку сте од оние кои навистина уживаат во здрава и квалитетна коса, сигурно сте се нашле збунети од недогледен број на козметички совети за нега на коса. Тоа доведува до двоумење кој препарат, со каков состав најмногу би одговарал на вашиот тип на коса. Но, едно е сигурно, вие посакувате да го постигнете резултатот кој значи свилена и сјајна коса од коренот до врвовите.

kako-do-revitalizacija-i-pobrz-rast-na-kosata-1-01.jpg

Најважниот од сите препарати за коса е шампонот, кој со самото миење ја ревитализира и “буди“ безживотната коса. Со добриот шампон започнува негата на косата. Постојат шампони чиј состав е неоспорлив. Активните состојки на Imel Grow Up Fast & Revitalizing шампонот ја негува, ревитализира, ја намалува сувоста и кршливоста на влакното и драматично брзо поттикнува раст на косата. Наменет е за секој тип на коса! Ги содржи ефикасните состојки Биотин и Карнитин.

Биотинот – Витаминот Б7 врши синтеза на протеини, јаглени хидрати и масни киселини и притоа го зголемува нивото на кератин кој потикнува раст на косата. Карнитин е состојка која се наоѓа природно во телото и помага да се зајакне коренот на косата

Grow Up Fast & Revitalizing кондиционерот пак ја негува косата додавајќи и еластичност во борбата против кршењето и поделбата на врвовите на влакното, помагајќи поздраво растење на косата.

Шампонот и кондиционерот се создадени со патентирана Anti-Hair Loss технологија со биотин, карнитин и креатин. Не содржат сулфати, парабени и палминово масло.

Производите можат да се најдат само во професионалните фризерски салони и специјализираните продавници за нега на коса.

kako-do-revitalizacija-i-pobrz-rast-na-kosata-1-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg