Пријави се на првото издание на Startup Weekend Ohrid

Оваа година од 15ти до 17ти Април ќе се одржи првото издание на Стартап Викенд Охрид во просториите на универзитетот Апостол Павле. Стартап Викенд Охрид е настан наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот.

prijavi-se-na-prvoto-izdanie-na-startup-weekend-ohrid-01.jpg

По успешна реализација на 10 изданија на Стартап Викенд Скопје, тимот кои стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат првиот стратап викенд во Охрид со цел да се даде можност за вмрежување на новата генерација на млади професионалци, иноватори и стартап ентузијасти и шанса за развој и ласирањње на својот стратап во Македонија

Што е Стартап Викенд?

Startup Weekend e глобален настан/хакатон кој има за цел да ги потикне младите професионалци, фриленсери и стартап ентузијасти на една локација да оформат тим со кој ќе развијат бизнис идеја од концепт до прототип во рамки на 54 часа односно еден викенд. Учесниците оформуваат тим во кој заедно реализираат и тестираат идеја, проект на кој ќе работат.

Тимовите ќе ги доразвијат своите идеи со подршка на над 30 Ментори (Стартап Основачи и експерти) и да го претстават својот концепт пред жири од истакнати ИТ професионалци, Бизнисмени и нвеститори и

Каде се одржува?

Охрид е нова локација за Стартап Викенд и настанот ќе се одржи во просториите на универзитетот „Свети Апостол Павле“ за време на викендот од 15ти до 17ти Април. Ова е идеално место да се поврзат млади луѓе со пасија да креираат и иновираат нешто ново. Не постои подобро место за запознавање на пријатели и идни колеги, ментори и инвеститори.

Кој може да учестува?

Секој може да учествува на Startup Weekend Ohrid, со идеја или без идеја, студент или професионалец, млади луѓе со искуство или без, но има само 50 слободни места и треба да бидете брзи за да го обезбедите своето место.

Подгответе се за викенд со многу работа, дружење, учење и забава, во кој и давате можност вашата идеја да стане реалност! Побрзајте да го резервирате вашето место додека картите се достапни по промотивна цена тука!

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на настанот или пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg