CrazyLabs - Топ 3 гејминг компанија во светот со нови ултра модерни канцеларии во Скопје

Живееме во време кога индустриите на забавата ги менуваат своите улоги и со тоа го менуваат и светот, време во кое филмската индустрија потешко се обидува да се прилагоди на новите трендови, но затоа пак, гејминг индустријата супериорно оди напред и секојдневно отвора нови хоризонти на забавата. Предвидувањата се дека оваа индустрија до 2025 година би генерирала повеќе од 260 милијарди долари приход.

crazylabs-top-3-gejming-kompanija-vo-svetot-so-novi-ultra-moderni-kancelarii-vo-skopje-01.jpg

Како е да се биде дел од оваа индустрија најдобро знаат оние кои се во самиот врв, како што е примерот со израелската компанија CrazyLabs, дел од Embracer Group, која постои од 2010 година и денеска нескромно може да се вброи во топ 3 компании во светот, специјализирани за Hyper Casual и Casual игри. До денес, тие може да се пофалат со над 5 милијарди симнувања на игрите кои излегуваат од нивната “лабораторија” и повеќе од 200 милиони активни корисници месечно.

CrazyLabs има 6 канцеларии низ целиот свет, а канцеларијата во Скопје  е  најголема со повеќе од 120 вработени,  бројка што секојдневно расте, а со тоа ја прави најголема гејминг компанија кај нас.

Една од главните карактеристики на CrazyLabs како компанија е постојаниот раст и иновативност, присутна во секој сегмент од нејзиното работење, почнувајки од односот и привилегиите на вработените, приватното здравствено осигурување за вработените, работното секојдневие, бесплатен доручек и ручек, грижата за вработените и она што е најново: новите простории на компанијата кои се на површина од над 1500 квадратни метри.

Кога ќе го почувствувате целиот простор и амбиент, со сигурност  може да се каже дека ова се најмодерните работни простории кај нас, сместени во А класа зграда со сите најсовремени услови за работа на една светска компанија како што е CrazyLabs. Ултра модерен простор во кој посебно внимание е посветено на секој детаљ за вработените да имаат максимална опуштеност, но во исто време и продуктивност во текот на работниот ден. Новите простории на CrazyLabs се исполнети со функционален и стилски ентериер, голем број конференциски сали, но и со специјални неформални простори наменети за  релаксација, спортски и тимски активности.

- Горда сум што сум дел од семејството на CrazyLabs повеќе од една деценија, поминав низ голем број позиции во компанијата, а во последните 2 години ја имам честа да менаџирам со CrazyLabs Македонија.

Новата канцеларија е нов почеток за нас, работиме од дома веќе долго време и сите се среќни што полека се враќаме во нормала.

Возбудени сме што ќе ја отворивме најдобрата и најмодерната канцеларија во Македонија!

Работиме во креативна и booming индустрија, со најнови технологии и трендови и како компанија навистина се грижиме за потребите на нашите вработени. Така што, при проектирањето на новите канцеларии внимававме на секој мал детал.

Како менаџер на CrazyLabs Македонија, можам да ветам дека ќе биде Crazy во нашиот нов дом! - вели Даниела Мишевска Топуков, Site Manager на CrazyLabs Македонија.

crazylabs-top-3-gejming-kompanija-vo-svetot-so-novi-ultra-moderni-kancelarii-vo-skopje-02.jpg

Она што е куриозитет за новите простории на CrazyLabs e тоа што со нивното свечено отворање вработените повторно, по 2 години, имаат можност да работат како тим, но и да се забавуваат додека работат, бидејки сите вработени се водат од мотото дека “ако не ти е забавно тоа што го работиш, не е за тебе”. Уживајќи во секојдневните бенефиции и задоволства кои ги нудат новите канцеларии, тие сега несомнено ќе може активно да придонесуваат за развојот на оваа најголема гејминг компанија кај нас, а со тоа и да ја придвижуваат светската гејминг индустрија напред. CrazyLabs e компанија која постојано расте во секој смисол, но пред сѐ во бројот на вработени и новите позиции кои се отвораат секојдневно.

Доколку сакате да бидете дел од тимот кој е во топ 3 гејминг компании во светот, погледнете ги нивните моментално отворени огласи на следниот линк.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од свеченото отворање на канцеларијата:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg