Една од 1001 идеја за посен оброк со Виталиа

Во ек сме на Велигденските пости, што значи дека се’ почесто околу нас ќе гледаме посни оброци, ужини и десерти.

edna-od-1001-na-ideja-za-posen-obrok-so-vitalia-01.jpg

Велигденските пости следуваат веднаш по двомесечниот пост-празничен период кој обично вклучува помалку дисциплинирана и обемна исхрана. Токму затоа на многумина им паѓа тешко да се префрлат директно на пости, без да се откажат од слатките задоволства. А всушност, воопшто и не мора да се откажат, туку само да бидат покреативни во изборот на храна во следниот период.

Новите здрави и ПОСНИ производи од Виталиа ви даваат опција плус кога е во прашање исхраната, без да имате грижа на совест.

Виталиа ја претстави својата нова линија на ГРАНОЛА БЕЗ ДОДАДЕН ШЕЌЕР, која претставува оригинална рецептура на нутритивен микс од целозрнест овес, надополнет со јаткасти плодови, чоколадо, кокос, сушено овошје и семиња. Таа доаѓа во три вкусови: црвено овошје и јогурт; бадем и бело чоколадо; и лешник и темно чоколадо. Секој од нив различен, за да почувствувате разлика во вкусовите кои ќе ви понудат максимално уживање во секој доручек или ужина. Во новите практични пакувања на ГРАНОЛА од Виталиа е спакувана вкусна, здрава, но и најважно – ПОСНА ГРАНОЛА, која ви дава можност да консумирате храна која ќе направи да се чувствувате задоволни од својот избор, ќе ве засити, а истовремено ќе ви дозволи да ги испочитувате традиционалните пости.

Во семејството на  здрави ПОСНИ продукти од Виталиа  стана дел и уникатна линија на производи – VEGGIE JOY. Станува збор за уникатни ВЕГАН смеси за подготовка на плескавици, ќофтиња, шницли или топчиња. Истите се на база на протеин од грашок, со природни зачини и зеленчук со цел да се постигне вкусот и текстурата на месо, а истовремено со подобар нутритивен состав, и со намален негативен ефект врз животната средина.

Веган смесите се одличен избор за богат посен ручек. Се подготвуваат само со вода ( и малку масло по желба), а можат да се приготват во тава или печени во рерна.

Овие производи веќе можете да ги набавите во најблискиот маркет.

edna-od-1001-na-ideja-za-posen-obrok-so-vitalia-02.jpg

За енергетска бомба во утринските часови изберете од различните вкусови Raw Bars Виталиа подготвени со посебно избрани 100% сирови состојки, без глутен, без додаден шеќер,со големо количество растителни влакна и со одличен вкус. А доколку преферирате солена ужина, комбинацијата на овесен крекер и соина паштета ќе ви овозможи вкусен и брз оброк исполнет со изобилство на нутриенти.

Иновациите во прехранбената индустрија ни овозможија да се запознаеме со широка понуда на здрава храна, која до пред една деценија не беше достапна. Токму затоа, сега е многу полесно да се задоволи желбата за нешто слатко и вкусно, а сепак тоа да биде здраво и посно.

А производите на Виталиа се тука да не’ потсетат дека сите овие иновации нам ни го прават животот полесен, поквалитетен, но и повкусен!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg