Услугата Garmin Pay отсега достапна и за корисниците на Visa картички на Халкбанк

Услугата Garmin Pay на Халкбанк со која се овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, сега е достапна и за корисниците на Visa картичките издадени од Халкбанк.

uslugata-garmin-pay-otsega-dostapna-i-za-korisnicite-na-visa-kartichki-na-halkbank-01.jpg

Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведување нови технологии, го креираше производот Garmin Payсо што стана и прва и единствена банка на пазарот што воведе плаќање со паметен часовник. Создадена во духот на денешното динамично време, оваа услуга е наменета за луѓе што секогаш се во движење, и овозможува извршување плаќања дури и во отсуство на паричник или платежна картичка.

„Услугата Garmin Pay на некој начин е дел од нашата политика и нашите заложби за иновации, но и за поттикнување и негување здрави животни навики кај населението и воедно заштита на животната средина.

За оваа цел ние применуваме бројни ЕКО политики и даваме поддршка на многу активности на зедницата кои имаат иста цел, а со ваквата политика за поддршка на спортот, односно на здравите животни навики и грижа за природата, ќе продолжиме и во иднина“, рече Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

uslugata-garmin-pay-otsega-dostapna-i-za-korisnicite-na-visa-kartichki-na-halkbank-04.jpgБилал Суџубаши – главен извршен директор

Суџубаши најави дека и трката Водно-Матка која ќе се одржи наскоро ќе биде под заедничко покровителство на Халкбанк и партнерoт Visa.

Од Visa изразија задоволство што се приклучуваат како партнери во промоција и на оваа заедничка услуга.

„Лансирањето на Garmin Pay е важен чекор во понатамошниот развој на дигиталното плаќање во Македонија. Истото е евидентно и според неодамнешната студија на Visa, која посочува за наклонетоста на граѓаните за дигиталните плаќања, а дека дури 60% од нив сакаат да ја користат опцијата за пренос на пари преку мобилен телефон во иднина.

Заедно со партнерите, меѓи кои и Халк Банка, ги слушаме и ги следиме потребите на корисниците со цел да им овозможиме побрзи, побезбедни и поудобни начини на плаќање. Сигурен сум дека корисниците на Visa картичките на Халк Банка се задоволни, бидејќи отсега своите трансакции ќе имаат можност да ги реализираат и преку Garmin pay“ - изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.

uslugata-garmin-pay-otsega-dostapna-i-za-korisnicite-na-visa-kartichki-na-halkbank-03.jpg

За користење на услугата Garmin Pay, сопствениците на Visa картички издадени од Халкбанк, потребно е истите да ги дигитализираат преку апликацијата Garmin Connect , која може да се преземе од „GooglePlay Store“ на мобилен уред со оперативен систем Андроид или од „ App Store’’ за мобилен уред со оперативен систем iOS. По успешно дигитализирање на картичките, може брзо, безбедно и едноставно да се изврши плаќање со користење единствено на Garmin часовник.

uslugata-garmin-pay-otsega-dostapna-i-za-korisnicite-na-visa-kartichki-na-halkbank-05.jpgВедрана Ѓорѓевиќ – еден од амбасадорите за GarminPay услугата на Халкбанк

Според Моника Црнокрак, претставник на Гармин Македонија, часовниците Garmin се идеален придружник за секој ден, за секој стил, за секој кој спортува и негува здрав и активен живот.

„Со новата понуда од Halkbank и Visa, корисниците на Garmin часовници добиваат можност плус за безгрижно уживање во денот, паричникот е секогаш на рака“, рече Моника Црнокрак.

Деталите и спецификациите околу функционирањето на апликацијата ги презентираше Атила Селим, директор на алтернативни канали на дистрибуција и картично работење, маркетинг во Халкбанк, потенцирајќи ја важноста од воведувањето на оваа услуга.

„Garmin Pay e иновативен производ кој што го воведовме од причина што знаеме дека сè поголем број граѓани се трудат да водат здрав живот, а ние, како банка даваме силна поддршка на практики кои што значат негување здрави животни навики и заштита на природата. Garmin часовникот е придружник на сите оние што спортуваат, било професионално, било рекреативно“ - истакна Селим.

uslugata-garmin-pay-otsega-dostapna-i-za-korisnicite-na-visa-kartichki-na-halkbank-02.jpgАтила Селим – директор на дирекција за алтернативни канали

Услугата Garmin Pay е достапна за користење на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. При ваквиот тип на плаќање, потребно е да се внесе лозинка, да се избере картичката со која ќе се врши плаќање и потоа часовникот да се доближи близу читачот на ПОС терминалот.

Доколку живеете динамично, постојано сте во движење, спортувате и сакате да шетате во природа, тогаш ваш идеален придружник е ова модерно решение за бесконтактно плаќање со Garmin Pay.

Повеќе информации може да најдете на веб страницата на Халкбанк: halkbank.mk/garminpay.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg