Со Samsung Galaxy S22 спомените од ноќните забави ќе бидат јасни како ден!

so-samsung-galaxy-s22-spomenite-od-nokjnite-zabavi-ke-bidat-jasni-kako-den-3.jpg

Фотографирањето и снимањето видеа станува вистински предизвик во моментот кога дневната светлина се заменува со магијата на ноќта. Да, барем еднаш во животот секој сопственик на паметен телефон се обидел да долови посебен момент од ноќта тотално безуспешно. Но, благодарение на Samsung, не мора повеќе да се грижите дали сликите ќе ви излезат матни или темни. Радоста од снимање драгоцени моменти додека се дружите и се забавувате на слаба осветленост сега може да биде целосна и непречена бидејќи одличните карактеристики на новите телефони од серијата Samsung Galaxy S22 ги рушат сите бариери, дури и светлосните!

Топлото време секогаш нè инспирира да организираме забави за паметење. А има ли подобра забава од онаа која започнува на зајдисонце и завршува на изгрејсонце? Дефинитивно нема особено сега кога повеќе од било кога на сите ни недостасуваше дружењето и забавата- причина повеќе секој прекрасен момент од сега па натаму да го замрзнеме во времето, а при тоа да не се грижиме дека фотографиите ќе бидат заматени или со неприродно осветлување со блиц.

so-samsung-galaxy-s22-spomenite-od-nokjnite-zabavi-ke-bidat-jasni-kako-den-2.jpg

Да, сите сме свесни дека успешната фотографија зависи од светлината, а фотографирањето во кафулиња, ресторани, летни градини и места со слабо светло е особено тешка задача на која Samsung посветува големо внимание со години. Подобрениот хардвер и софтверот на новата серија паметни телефони Galaxy S22 ќе направат вашите спомени да останат снимени до најмалите детали, дури и кога сонцето ќе зајде. Иновативната камера на Samsung, заедно со најбрзиот chipset и долготрајната батерија, ќе го подигнат искуството од користењето на овие паметни уреди на едно сосема ново ниво.

Зграпчете ја ноќта!

Опцијата наречена Nightography е револуционерна комбинација која овозможува ноќен приказ на  сцените како никогаш досега. Независно од тоа дали подготвувате забава во градината, свадба или кампување во природа. Со Samsung Galaxy S22 бидете сигурни дека ќе бидете ѕвезда на секоја забава! Со интелигентните опции Super Night Solution и Adaptive Pixel сензорот, ќе добиете оптимално осветлени фотографии со живописни бои. Galaxy S22 и S22 + имаат голем сензор кој ги зголемува пикселите за да привлече светлина, а супер проѕирното стакло го намалува одблесокот на објективот - сето тоа за ноќните фотографии и видеа да бидат јасни како ден! Новата функција AI Stereo Depth Map ги прави фотографиите уште подобри, а дури и најситните детали се видливо јасни.

Night Solution се активира при фотографирање на портрети, но и при зумирање, а истата работи и  на предната камера кога правите селфи. Ова значи дека можете да фотографирате безгрижно и воопшто да не се прашувате дали забавата за паметење ќе заврши со матни и темни фотографии.

Серијата Galaxy S22 поставува нови стандарди за тоа што сè може да направи еден паметен телефон. Визијата на неговите креатори е да ги инспирираат корисниците, да ја разбрануваат креативноста и успешно да ја реализираат секоја замисла и идеја. Безусловно потпрете се на Galaxy S22 и фотографирајте небаре сте професионалец!

so-samsung-galaxy-s22-spomenite-od-nokjnite-zabavi-ke-bidat-jasni-kako-den-4.jpg

Забава која трае!

Со тројната задна камера и селфи камерата на Galaxy S22 добивате чувство дека поседувате професионална опрема што ја носите насекаде со вас! Моќната главна камера од 50 MP, телефото камерата од 10 MP и ултра широката камера од 12 MP, покрај одличните фотографии, снимаат и стабилни видеа без заматување, кои ќе останат стабилни дури и кога сте во движење. Интелигентната технологија ќе го отстрани шумот во секој кадар за да добиете висококвалитетни, живописни снимки во секое опкружување, подготвени за Instagram, TikTok и многу, многу повеќе!

Забавата може да потрае, бидејќи со телефоните Galaxy S22, сите детали и бои на сцените што ги снимате ќе бидат зачувани токму такви какви што се во реалноста, без разлика дали забавата е организирана под ѕвездите или во затворен простор. Galaxy S22 се опремени со опција за автоматско кадрирање која овозможува детектирање до 10 луѓе истовремено и автоматски го прилагодува фокусот на камерата така што секој може јасно да гледа, што е идеално за групни фотографии со најсаканите.

so-samsung-galaxy-s22-spomenite-od-nokjnite-zabavi-ke-bidat-jasni-kako-den-1.jpg

Задоволството продолжува со опциите за монтирање и обработка на целиот снимен материјал, а уште подобро е тоа што ќе уживате гледајќи ги на прекрасните големи екрани на Samsung S22, кои се прилагодуваат на осветлувањето околу вас и на тој начин го подобруваат контрастот на боите.

Водете се од инспирацијата што ви ја дава животот и претворете го дружењето во заеднички спомени на кои секогаш ќе бидете среќни да се навратите! За повеќе информации посетете ја веб страната на Samsung: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg