Голем првоаприлски натпревар во Скопје Сити Мол

Главното прво-априлско случување во градот е токму во Скопје Сити Мол.

golem-prvoaprilski-natprevar-vo-skopje-siti-mol-01.jpg

Ве покануваме да дојдете со вашите дечиња или пријатели маскирани и да се приклучите на забавата по повод денот на шегата.

Традиционално на 1 април денот на шегата Скопје Сити Мол организира бројни активности за малите и големи маскирани посетители, проследено со многу забава и вредни награди -  Mask’n’Мall.

На 1-ви април сите посетители кои ќе го посетат Скопје Сити Мол маскирани од периодот од 12:00 до 20:00 часот ќе имаат можност да учествуваат во натпреварот за најдобра маска и да освојат:

1 место - гифт картичка од Скопје Сити Мол од 10.000 денари,

2 место - гифт картичка од Скопје Сити Мол од 5.000 денари,

3 место - гифт картичка од Скопје Сити Мол од 3.000 денари

На вториот кат на вашиот омилен трговски центар во фото корнерот поставен специјално за оваа намена ќе може да се  фотографирате и да ги објавите или да дозволите да ги објавиме вашите фотографии под забавни маски на нашите профили на социјалните мрежи.

Уживајте и забавувајте се во омилениот костум. Сѐ што сакате!

Dress Code: Забавна маска по ваш вкус (Спајдермен, гусар, принц, принцеза, пепелашка или вештерка, куче, маче, лав или жаба, пожарникар или фудбалер, лекар или пекар – сите маски се добредојдени).

1. Регистрирај се на инфопултот за регистрација со пополнување на формулар.

2. Фотографирај се пред нашиот објектив

3. Фотографиите ќе бидат објавувани низ текот на целиот ден на Facecebook.com/skopjecitymall

4. На 04ти Април во 12:00ч. фотографијата со најмногу лајкови ќе биде прогласен за победник и ќе освои gift card од Скопје Сити Мол вредоносен ваучер од 10.000 денари за прво освоено место, за второ место ваучер од 5.000,00 денари, а за третото место вредносен ваучер од 3.000 денари.

5. Организаторот може да дисквалификува некој од учесниците доколку се служи со не-етички алатки за да влијае на крајниот резултат

6. Фото-натпреварот е од отворен карактер, може да учествуваат сите посетители но само со 1 фотографија. Во конкуренција влегуваат и групни маски

* Кампањата е од забавен карактер, Skopje City Mall во секое време од објективни причини може да го прекине конкурсот

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg