Интервју: Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија

intervju-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddelot-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-01.jpg

Платформата „За подобар свет“ е нашиот одговор за градење еколошка, дигитална и култура на разновидност 

1. Колку македонските компании се општествено одговорни?

Терминот општествена одговорност или општествено одговорно работење веќе е добро познат и не е новина за јавноста односно за компаниите. И слободно можам да кажам дека токму компаниите го промовираа овој правец на работење како составен дел од нивните компаниски политики и стратегии. И ако во минатото тоа беше привилегија на големите интернационални корпорации, сега е составен дел и од стратегиите и на локалните компании што значи голем исчекор во практиката и воопшто во сфаќањето за општествено одговорно работење.

А1 Македонија како членка на Групацијата А1 Телеком Австрија уште од самиот почеток на функционирање во земјава има стратешка определба да биде општествено одговорна компанија, која одржува високи етички стандарди и придонесува за заедницата помагајќи за развој и унапредување во различни области, односно онаму каде што тоа е најпотребно.

2. Кои се главните теми на кои се фокусирате во А1 Македонија во областа на општествената одговорност?

Општествената одговорност е дел од нашето оперативно работење долги години, но од минатата година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел од компаниската стратегија на Групацијата А1 Телеком Австрија.

ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од Групацијата А1, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување. Групацијата А1 Телеком Австрија е свесна за оваа одговорност и затоа поставува специфични цели за животната средина, општеството и нејзините луѓе. A бидејќи ESG е поставена како еден од стратешките овозможувачи на компанијата, темата е цврсто втемелена во стратешките одлуки. На тој начин, Групацијата А1 Телеком Австрија има за цел да постигне поефикасен, а со тоа и поодржлив начин на работа и живеење. Покрај тоа, компанијата ги смета овие иницијативи како двигатели на долгорочна вредност, кои не само што имаат еколошки и социјални придобивки, туку и економски предности.

Во оваа насока, А1 Македонија под мотото „За подобар свет“ целосно е посветена кон развојот и реализацијата на  општествено-одговорни проекти во областа на животната средина, дигиталната писменост и корпоративно управување.  Наша стратешка определба е да бидеме социјално одговорна компанија што одржува високи етички стандарди, да придонесуваме во општеството покажувајќи поддршка за различни општествени групи и за заедницата во целост, да одговориме на промените што се случуваат и да придонесеме за развој и заштита на животната средина.

Намалена емисија на CO2 гасови од страна на А1 Македонија, користење енергија од обновливи извори, рециклирани повеќе од 1.000 телефони во 2021 година, едукација на 3.000 четвртоодделенци за тоа како безбедно да го користат интернетот во изминатите 4 години, 53% жени во компанијата и 46% жени на менаџерски позиции, се само дел од позитивните резултати што се дел од нашата иницијатива „За подобар свет“ и нè прават особено горди. Оваа низа на општествено одговорни примери од реализирани проекти ни претставува ветар во грб за планираните активности и амбиции, кои заедно со Групацијата А1 Телеком Австрија ги имаме зададено за периодот до 2030 година.

Како дел од амбициите на Групацијата А1 во рамките на проектот ESG, компанијата постави свои долгорочни цели до 2030 година и секако структурирано работи на нивна реализација. Имено, климатските и амбициите за животна средина до 2030 година имаат за цел достигнување нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови  и постепено префрлување на енергија од обновливи извори, долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година како и промоција на циркуларната економија во компанијата односно рециклирање приближно 50.000 стари уреди годишно. Во делот на социјална амбиција, до 2023 година нашата цел е да овозможиме едукација на повеќе од 100.000 луѓе – особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигиталната писменост.

intervju-elena-dimovska-rakovoditelka-na-oddelot-za-korporativni-komunikacii-vo-a1-makedonija-02.jpg

3. Кои се предизвиците за А1 како компанија која е лидер во оваа област?

Како што веќе кажав, општествено одговорните активности стануваат многубројни и тоа секако заслужува голема почит. Постојано сме изложени на многубројни информации, соопштенија, изјави и настани на оваа тема. Тука е и предизвикот да се биде автентичен и да се привлече вниманието на пошироката јавност, сè со цел да се подигне свеста за одредената тема и да се помогне онаму каде што е неопходно. Да се реализира проект што е одржлив и има влијание во областа во која се спроведува.

Одржувањето на вниманието на вработените во компанијата е уште еден предизвик на кој со успех одговараме сите овие години. Свеста на вработените е на највисоко ниво кога станува збор за општествена одговорност и волонтирање. Тргнувајќи од топ менаџментот и нивните одлуки, па сè до сите вработени, кои општествената одговорност ја имаат инкорпорирано во извршувањето на своите секојдневни  работни задачи. Во А1 Македонија рециклираме, штедиме електрична енергија, користиме превозни средства што не ја загадуваат околината итн.

4. Кои се актуелните проекти на кои работите?

Водејќи се од својата долгорочна посветеност за промоција на вистинските општествени вредности и земајќи предвид дека А1 Македонија е двигател на дигитализацијата во нашата земја, компанијата се залага за дигитална едукација на најмладите, притоа обрнувајќи особено внимание за нивната безбедност при користењето на интернетот. Проектот за безбеден интернет „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ за дигитална писменост го спроведуваме петта година по ред, со поддршка од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

Во 2021 година ја почнавме и A1 Green Call, платформа за рециклирање на старите мобилни телефони, таблети или лаптоп уреди. Корисниците покажаа навистина голема свест за рециклирање, се ослободија од непотребните уреди во специјалните кутии поставени во продажните салони низ земјата.  Активноста е  сè уште актуелна и ќе продолжи и во иднина. Секој од нас е важен и навистина добредојден да се вклучи во акцијата за позелено утре и подобра иднина воопшто преку рециклирање и реупотреба на старите уреди. Нов, зелен, подобар свет е можен, а ние во А1 Македонија сме горди што токму ние сме компанијата лидер што ги поставува основите на еколошката дигитална трансформација во нашата земја.

Не се за занемарување ниту броевите за донација. Во моментов имаме повеќе од 40 активни броеви за донација, преку кои на наједноставен начин се собираат потребни финансиски средства за оние на кои им е неопходно лекување во странство. Бројките ги споменувам само како показател дека станува збор за активност што се заснова на довербата што ја имаме изградено со нашите корисници, што особено го почитуваме и негуваме.  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg