Магичниот свет на инвертер клима уредите: Зошто Hisense климите се вистинскиот избор за вас?

Дали сакате вашиот клима уред да знае дали вежбате или читате и соодветно да ја прилагоди собната температура? Да го ​​прочисти воздухот во исто време, елиминирајќи ги бактериите и вирусите? Да ​​грее дури и кога надворешната температура паѓа под -20℃ и сето тоа со минимална потрошувачка на енергија? Погледнете го одблизу неверојатниот свет на Hisense уредите за ладење и греење во кој таквите желби стануваат реалност.

magichniot-svet-na-inverter-klima-uredite-zoshto-hisense-klimite-se-vistinskiot-izbor-za-vas-01.jpg

Пред четвртина век, Hisense ја започна револуцијата во климатизацијата која сѐ уште трае. Како прва компанија која произведува инвертер климатизери во Кина, со 25-годишна традиција во развивање и промовирање на инвертер технологијата, Hisense на своите корисници им обезбедува свеж и пријатен воздух во просториите каде што престојуваат без оглед на временските услови. Исклучителните клима уреди на оваа компанија сведочат дека пионерскиот потфат со сосема нов начин на регулирање на температурата, влажноста и квалитетот на воздухот се исплател.

Најсовремена технологија за најдобри перформанси

За разлика од класичните клима уреди, каде што воздухот дува со полн капацитет дури и кога температурата е малку над или малку под поставената, инвертер клима уредот има променлив режим на работа. Комплетна DC инвертер технологија на Hisense е збир на модерна технологија која овозможува интелигентна работа на клима уредите и ги минимизира загубите на енергија. Компресорот работи поефикасно и непречено, контролата на температурата е попрецизна, а нивото на бучава е помало.

Од друга страна, турбо технологијата за зголемување на фреквенцијата овозможува брзо ладење и загревање и ви овозможува да уживате во поголем проток на воздух кој обезбедува пријатна температура за пократко време.

Го заштитува вашиот дом и вашето здравје

Напредната Hi-Nano технологија на Hisense го штити вашиот дом со создавање на енормно висока концентрација на позитивни и негативни јони, до 1 милион/cm3, кои имаат силен оксидативен и високо реактивен ефект. Овие јони се врзуваат за површините на бактериите или вирусите, поради што ја губат својата активност и на крајот ги трансформираат во безопасни молекули на вода. Француската лабораторија Texcell, глобална организација за истражување на договори специјализирана за тестирање на вируси, покажа дека Hi-Nano може да го инхибира коронавирусот (SARS-CoV-2) за 93,54% за само два часа, обезбедувајќи чист и прочистен воздухот што го дишете.

Исклучителен капацитет за греење и заштеда на енергија

Со Hisense клима уредите, можете да уживате во топлината на вашиот дом, дури и кога надворешните температури достигнуваат -22°C. Повеќето инвертер клима уреди имаат и грејач за надворешна единица, што спречува замрзнување кога надворешната температура е околу 0°C и обезбедува висока влажност на воздухот.

Во режим на подготвеност, клима уредот автоматски го вклучува режимот за заштеда на енергија. Наместо 5W, потрошувачката е само 1W на час, што претставува заштеда на енергија од 80%.

Интелигенција на ваша услуга

Она што привлекува посебно внимание за заштеда на време е фактот што со само едно копче можете да го активирате паметниот режим на работа за следење на воздухот и на сеопфатен начин да ги контролирате температурата, насоката на дување и волуменот на воздух. Не грижете се како ќе го користите клима уредот, паметниот режим на работа ќе го направи тоа наместо вас.

Доверба од милиони луѓе ширум светот 

Покрај извозот на производи во повеќе од 160 земји и региони, Hisense ги спонзорираше најголемите спортски настани во светот, како што се UEFA EURO 2016 и 2020 година и FIFA светското првенство 2018 година и светското првенство во Катар 2022 година. Во кинеското глобално национално истражување на имиџот, спроведено од China International Publishing Group, Hisense беше именуван за еден од „десетте најпознати кинески брендови во странство“ пет години по ред.

Hisense е присутен на македонскиот пазар веќе две години и е препознаен како бренд кој има најдобар сооднос цена-квалитет, а на вас останува да се уверите во тоа.

Повеќе информации за Hisense клима уредите можете да најдете тука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg