Уште два дена до спектаклот на Горан Бреговиќ во „Де Факто“

Скопје, 23.06.2022- Остануваат уште само два дена до концертниот спектакл на Горан Бреговиќ-Брега во „Де Факто“- Гевгелија, со кој на најдобар можен начин ќе се одбележи ова лето.

ushte-dva-dena-do-spektaklot-na-goran-bregovikj-vo-de-fakto-01.jpg

Легендарниот Горан Бреговиќ во сабота, на 25 јуни, заедно со својот „Оркестар за свадби и погреби“, ќе оддржи концерт на воодушевување на голем дел од неговата македонска публика. Неговата харизма и глас со години плени генерации, а безвременските хитови како „Едерлези“, „Мјесечина, „Калашников“, како и оние од неговата долга кариера како дел од „Бјело Дугме“, се само дел од песните кои ќе одекнат во „Де Факто“. Некои од најубавите песни многумина ги паметат уште од младоста и затоа со нетрпение го очекуваат еден од најголемите концертни спектакли.

Посебна врска има Македонија и оваа легендарна балканска ѕвезда, па токму затоа не се сомневаме дека ќе има изобилство од емоции на овој мега концерт.

Останаа уште малку билети, затоа побрзајте и бидете дел од концертот за кој долго ќе се зборува.

Повеќе информации ТУКА.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg