Фокус на иднината - CrazyLabs подари електрични тротинети на вработените

Скопје, 24.06.2022 – Во модерната доба во која живееме, зелените иницијативи несомнено наидуваат на голема поддршка од многу страни, а воедно секогаш ги охрабруваат и инспирираат вработените да размислуваат катарзично, разгорувајќи им ја имагинацијата за начините за како можат да се чувствуваат како дел од глобалното решение за почиста животна средина.

fokus-na-idninata-crazylabs-podari-elektrichni-trotineti-na-vrabotenite-01.jpg

За таа цел, со единствен фокус на иднината, светската компанија за мобилни игри, CrazyLabs, којашто е водечки hyper-casual и casual развивач и издавач, (дел од Embracer Group), - на прагот од летото подари преку 60 електрични тротинети на своите вработени и го инсипирираште својот тим да се грижи за околината и вон работното време.

fokus-na-idninata-crazylabs-podari-elektrichni-trotineti-na-vrabotenite-02.jpg

„Зелената иднина е просперитетна иднина, а сите потфати на нашата компанија секогаш ќе имаат удел во зачувувањето на животната средина, бидејќи на крајот од денот планетата Земја не познава граници и истата е единствениот дом, којшто го делиме сите скоро 7 милијарди луѓе во светот,“ велат од CrazyLabs во Македонија, потенцирајќи дека веруваат во хармонијата на околината и сакаат да живееат во друштво на природата.

fokus-na-idninata-crazylabs-podari-elektrichni-trotineti-na-vrabotenite-03.jpg

Состојбата на животната средина зависи од тоа како луѓето се однесуваат кон природата и природните ресурси, а овoj одличен гест на CrazyLabs треба да биде пример и за останатите компании во нашата земја со цел зголемување на свеста дека колективните иницијативи дефинитивно влијаат врз индивидуалните навики.

fokus-na-idninata-crazylabs-podari-elektrichni-trotineti-na-vrabotenite-04.jpg

CrazyLabs на почетокот на месец јули, ќе го претстави најголемиот летен настан, „Crazy Summer Festival“, во најзелената локација во главниот град, - Школка, во Градски Парк во Скопје. Настанот е наменет за љубителите на мобилни игри и за сите оние кои се расположени за одлична забава, а истиот ќе се оддржи во сабота, 2ри јули, со почеток од 17 до 22 часот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg